Министерот Димовски на одбележувањето на Денот на тутунските работници во Прилеп
Дата на објава: 
4 Април 2013
100_6131.JPG

На шест најдобри тутунопроизводители и на 41 успешен тутунар денеска во Прилеп им беа врачени признанија и награди за достигнувањата во производството на оваа индустриска култура, по повод 4 април-Денот на тутунските работници и на производителите.


Воедно Сојузот на тутунските здруженија која ја организираше свеченоста одбележа и 60 години постоење. На денешен ден 140 години од постоењето одбележува и Прилепскиот тутунски комбинат, основоположникот на тутунската индустрија во Македонија.



Фитосанитарната лабораторија со акредитација за меѓународно признати анализи
Дата на објава: 
28 Март 2013
DFL.jpg

Македонската Државна фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) прва во Југоисточна Европа доби акредитација за дијагностицирање два карантински растителни вируси согласно европските стандарди.

 

Како што беше речено на денешната промоција, лабораторијата ги сертифицираше и методите за анализа на активните материи во производите за заштита на растенијата.

 

Методите се нова алатка на домашниот фитосанитарен систем за подобра заштита на населението и зголемена безбедност на храната. Воедно на ДФЛ и овозможуваат да стане компаративна и конкурентна со фитосанитарните лаборатории во ЕУ.

 

Акредитацијата ќе значи поголема контрола на квалитетот на производите за заштита на растенија при увоз, во земјоделските аптеки и на самото место на апликација.

 


Известување
Дата на објава: 
19 Март 2013

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги извстува откупувачите и увозниците на земјоделски производи дека во Службен весник на Република Македонија бр.40 од 15 март 2013 година, стапи на сила измената на Правилниците за откуп и увоз на земјоделски производи, за видот на податоците за планирани и откупени количини и за образецот на барањето за упис во Регистарот на откупувачи и Регистарот на увозници на одделни земјоделски производи и потребната придружна документација, според кои се смени условот за вработени лица за откупувачи со две вработени лица, а за увозници со четири вработени лица, образецот барање за упис во регистар на откупувачи и увозници на земјоделски производи, како и Пријавата за планирани и откупени количини на земјоделски производи


Македонија има квалитетно, здравствено безбедно и исправно млеко
Дата на објава: 
18 Март 2013
jpg

Македонија има квалитетно, здравствено безбедно и исправно млеко, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната посета на млекарниците Идеал Шипка, Битолска ИМБ и ЦЕРМАТ во Битола.

Како што рече на средба со новинарите, министерот Димовски сакал лично да се увери во квалитетот на млекото и процесот на производство, но и да слушне за плановите на компаниите чија основна дејност е откуп и преработка на млеко. Тој во Битола беше придружуван од директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски.

- Со компаниите го споделивиме заедничкиот став дека ако сакаме млеко со повисок квалитет, тогаш субвенционирањето треба скалесто да се одвива. Моментно, за литар млеко поддршката е 3,5 денари, но во наредниот период ќе ја зголемиме па цената за литар прва класа ќе биде 4,5 денари, а за втора 3,5 денари, истакна министерот Димовски.

За да добијат поголема цена на продаденото млеко, фармерите, нагласи,  ќе мора да применуваат добра хигиенска пракса.


Известување
Дата на објава: 
18 Март 2013

Министерството за Земјоделство шумарство и водостопанство ја извeстува јавноста дека моменталната поддршка за литар предадено млеко изнесува 3,5 денари.

За наредната година предвидено е скалесто субвенционирање и цената за литар прва класа ке биде 4,5 ден по литар за втора 3,5 ден.


Syndicate content