Усвоена заедничка декларација на земјите членки на Централно Европската Инцијатива
Дата на објава: 
16 Април 2013
6614.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Димовски, присуствуваше на Министерскиот состанок на земјите членки на Централно Европската Инцијатива.

Централно европската иницијатива – ЦЕИ е меѓувладин форум кој ја промовира политичката, економската и културната соработка меѓу нејзините земји членки и нејзината основна мисија е регионалната соработка за европска интеграција. Вкупно 18 земји членки се во ЦЕИ од кои, Македонија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Молдавија, Словачка, Чешка, Полска, Австрија, Унгарија и други.

Оваа година претседателството на ЦЕИ е во Унгарија, каде што министрите и водачите на делегации за земјоделството и животната средина во земјите на ЦЕИ се сретнаа и дискутираа за актуелни прашања во три меѓусебно поврзани области: одржливо земјоделство, безбедност на храна и обезбедување храна и животна средина во која може да се живее.


Потпишан протокол за соработка помеѓу министерствата за земјоделство на Република Македонија и Унгарија
Дата на објава: 
16 Април 2013
3688.JPG

Министрите за земјоделство, на Република Македонија и на Унгарија, Љупчо Димовски и Сандор Фазекаш денес во Будимпешта одржаа билатерален состанок на кој се разговараше за можностите за соработка меѓу двете земији во областа на земјоделството.

Министерот Фазекаш, го информираше министерот Димовски дека од последната нивна средба во ноември минатата година имале многу активности и настани. Во февруари биле домакини на Федерацијата на фармери на Република Македонија а минатиот месец во Будимпешта се сретна и мешовита комисија која работи во рамки на договорот за економска соработка помеѓу Владата на Унгарија и Владата на Република Макдонија.

Министерот Димовски истакна дека земјоделството ги зближува луѓето, најверојатно поради храната.Тој кажа дека 95 проценти од законодавството од областа на земјоделството го имаме хармонизирано согласно барањата на ЕУ, веке 4 години добиваме позитивна оцена и тоа ни дава дополнителен мотив да работиме уште подобро.


Соопштение
Дата на објава: 
15 Април 2013

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите граѓаните на Република Македонија дека согласно одредбите од Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ бр.64/2009, 24/2011, 53/2011 и 25/2013) дадена е законска можност за лиценцирање на дипломирани шумарски инженери - насока шумарство со работно искуство од најмалку две години во областа на стопанисување со шумите а со цел вршење на стручни работи во шуми во приватна сопственост.

Додаток за превземање: 

Ј А В Е Н П О В И К
Дата на објава: 
10 Април 2013

Ј а в е н П О В И К

за техничка поддршка во инвестициони вложувања за воспоставување на лаборатории за проверка на квалитетот на млекото во Штип и Тетово

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на предлог за користење на техничка поддршка во инвестициони вложувања за воспоставување на лабаратории за проверка на квалитетот на млекото во Штип и Тетово (во понатамошниот текст: предлог за користење).

 

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКАТА

Право на учество на јавниот повик за доставување на предлог за користење имаат јавни научни установи од областа на земјоделството согласно Законот за научно истражувачка дејност и образовни институции согласно Законот за високото образование.

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Заклучоци од состанокот на министрите одговорни за земјоделство и храна од Југоисточна Европа
Дата на објава: 
5 Април 2013

Денес во Сараево, Босна и Херцеговина се состанаа министрите задолжени за земјоделство и храна и лидерите на делегациите од земјите од Југоисточна Европа под заедничка организација на Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина и Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG). Како претставник од Република Македонија беше амбасадорот на република Македонија во Босна и Херцеговина Рами Реџепи.

Поради присуството на покачени нивоа на афлатоксин во пченкатa кoja се користи за добиточна храна и како резултат на тоа, зголемени нивоа на афлатоксин во млекото и млечните производи, министрите задолжени за земјоделство и храна и лидерите на делегациите од земјите од Југоисточна Европа дискутираа за потребните мерки за контрола на нивото на афлатоксин во млекото и млечните производи, меѓу кои:


Syndicate content