Состанок на Управувачкиот комитет на македонско-израелскиот проект за семе и саден материјал
Дата на објава:
25 Април 2013Управувачкиот комитет на македонско-израелскиот проект за семе и саден материјал денеска одржа прв состанок на кој ги утврдуваше идните активности за соработка.
Состанокот на Комитетот, што работи врз основа на Меморандумот за соработка потпишан лани во мај, меѓу двете министерства, на Македонија и Израел, го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Министерот Димовски потсети дека договорот веќе се реализира преку проектот за подигнување мини фарма за производство на семенски и посадочен материјал која вчера ја посетиле во Свети Николе, во рамки на Средното земјоделско училиште „Кочо Рацин“.