Министерот Димовски се сретна со претставници од земјоделците и од мелничко-пекарската индустрија
Дата на објава:
12 Јуни 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска во Новаци се сретна со претставници на мелничко пекарската индустрија и со производителите на пченица. Акцентот на средбата беше ставен на откупот на пченицата и дефинирање на ориентациона цена, при што министерството се јавува како медијатор во разговорите.
-Откупната цена за оваа година би требало да се движи во рамките на минатогодишната откупна цена, со огле на ценовните движења на берзите во регионот, пред се во Нови Сад. Од друга страна треба да се имаат предвид и временските прилики во тие региони.-рече министерот Димовски.
Земјоделците бараат откупната цена да не биде пониска од 15 денари.
-Бараме, годинава откупната цена на пченицата да не биде пониска од ланската откупна цена и покрај тоа што имаме зголемени трошоци на самото производство- рече Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците..