Договорена откупната цена на пченицата
Дата на објава: 
6 Јули 2013

Мелничарите и производителите на пченица, денеска, на средба во Свети Николе, на која присуствуваше и министерот Љупчо Димовски ја договорија откупната цена за годинашната пченица. До 76 хл тежина, цената ќе биде 13 денари, од 76 до 78 хл тежина цената ќе изнесува 14 денари и над 78 хл тежина цената ќе изнесува 15 денари.

Двете страни, како што соопштија по состанокот, се задоволни од договореното.

Согласно разговорите, преработувачите треба на видно место да ја објават конечната цена по која ќе го откупуваат лебното жито.

Ова е шеста средба на мелничарите и земјоделците. Минатата недела се одржа средба во министерството за земјоделство на која министерот Димовски препорача просечната цена на пченицата да биде 14 денари.


Прва посета на македонски министер за земјоделство на Обединетото Кралство
Дата на објава: 
4 Јули 2013
IMG_0757.jpeg

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес, во Лондон, оствари билатерална средба со г. Дејвид Хит, министер за земјоделство и храна на Обединетото Кралство. Тој е прв министер за земјоделство од Република Македонија во посета на Обединетото Кралство. Министерот Хит му посака добредојде на министерот Димовски истакнувајќи дека неколку пати бил во посета на Република Македонија и многу му се допаѓа земјата и гостопримливоста на луѓето, а посебно вкусната македонска традиционална кујна и македонското вино. Toj покажа голем интерес за состојбата со земјоделскиот сектор во Република Македонија.


Соопштение

Владата на Република Македонија донесе Одлука за воведување на мерката за заштита на пазарот на пченица и брашно, со  врзување на количините на увоз на пченица и брашно со откуп на пченица произведена во Република Македонија.

Мерката се воведува во согласност со одредбите од Законот за земјоделство и рурален развој (Член 46, став 4) за заштита на пазарот на меркантилна пченица и брашно од пченица и превенирање на  опасност од сериозни нарушувања на пазарот со овие производи кои можат да ги загрозат целите на националната земјоделска политика.

Додаток за превземање: 

СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
2 Јули 2013

Денес во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се оддржа состанок со претставници на мелничко пекарската индустрија и со производителите на пченица.
Акцентот на средбата беше ставен на условите на откупот на пченицата и дефинирање на ориентациона откупна цена. Поврзано со искажаните ставови на двете страни и предлозите за дефинирање на откупната цена на пченицата од овогодишната реколта министерството за земјоделство препорачува просечна откупна цена од 14 денари за килограм пченица, врз основа на нејзиниот квалитет.
Со оваа препорачана цена се согласија и претставниците од производителите на пченица и претставниците од мелничко пекарската индустрија.


Средба на министерот Димовски со претседателот на ТИКА Сердар Чам
Дата на објава: 
28 Јуни 2013
2.jpg

На маргините на посетата на Република Турција министерот Љупчо Димовски се сретна со Сердар Чам, претседателот на Претседателството на турската агенција за соработка и координација ТИКА. Претседателот Чам го изрази своето задоволство од средбата со министерот Димовски и iстакна дека Република Македонија има посебно место во срцата на турскиот народ поради историската и културната поврзаност.

-ТИКА има отворено 35 канцеларии во светот и спроведува проекти во 110земји. Бевме земја која добиваше помош, а сега сме земја која дава помош. Нашата помош се базира на искреност и пријателство поради тоа нашата помош носи успех. Ние имаме задолжение од Mинистерството за храна, земјоделство и сточарство, и Mинистерството за шумарство и водостопанство да ви помогнеме во рамките на нашите можности – истакна претседателот на ТИКА, Сердар Чам.


Syndicate content