Прес-конференција на министерот за земјоделство Љупчо Димовски и индискиот инвеститор Субрата Рој
Дата на објава: 
13 Јули 2013
jpg

Kако министерство за земјоделство и како Влада работиме на создавање на услови за инвестирање и развој, и оттука имаме намера да ја поддржиме секоја иницијатива и план кој ќе го помогне земјоделскиот развој и ќе донесе подобра иднина на македонските земјоделци. Тоа ние го чуствуваме за наша обврска.

 

Затоа позитивно ги оценувам инвестициските планови на индискиот инвеститор г-динот Рој кој како што и самиот истакна планира да се реализираат во наредниот период преку рестартирањето на капацитетот Џумајлија, и за кои веќе компанијата на г-дин Рој ја уплати банкарската гаранција која треба да обезбеди почеток на самата инвестиција.

 

Нашиот интерес како држава во најавената инвестиција го гледаме пред се во можноста за отворање на нови работни места,развој на земјоделствто и особено делот на сточарството како области во кој како Влада посветуваме особено внимание.

 


Договор за закуп на земјоделско земјиште
Дата на објава: 
13 Јули 2013

Врз основа на член 30 од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.135/07, 18/11, 42/11. 148/11 и 95/12), а по претходно спроведена постапка согласно член 21 по јавен Оглас бр.09/12 од 09.12.2012 година се склучува

 

 

Д О Г О В О Р

за закуп на земјоделско земјиште

Додаток за превземање: 

Јавен повик

Врз основа на член 101 став (2) од Законот за земјоделство и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12  и 15/13) и член 12 став (1) и став (2) од Уредбата за изменување и дополнување на уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен  весник на Република Македонија“ бр. 06/13 и 81/13), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува,

 

 

Ј а в е н П О В И К

за техничка поддршка во инвестициони вложувања за воспоставување на лаборатории за проверка на квалитетот на млекото во Штип и Тетово

 

Превземи: Јавен повик

Упатство

Правилник



СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
10 Јули 2013

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и министерот за надворешна и внатрешна трговија на Република Србија, Расим Лајиќ, денеска во Скопје оддржаа билатерален состанок на кој го потврдија заедничкиот интерес за понатамошно продолжување на позитивниот тренд на солидна трговска соработка со земјоделски производи помеѓу двете земји.

Во таа насока министрите се договорија за воздржување од воведување на дополнителни мерки кои би ја оневозможиле непречената трговска размена со земјоделските производи. На состанокот беа разменети информации и аргументи во врска со веќе воведените мерки на заштита на македонскиот пазар со пченица и брашно. Македонската страна изрази подготвеност за евентуална измена на времената мерка за условен увоз на пченица и брашно после надминување на нарушувањето на пазарот. Заради следење на состојбите на пазарот беше договорено да се одржуваат редовни консулатации помеѓу двете страни на неделно ниво.


Реакција на Министерството за земјоделство по повод денешнaта прес конференција на Либералната Партија
Дата на објава: 
6 Јули 2013

Жално е што партија која има амбиции нешто да значи на македонската политичка сцена не може да разбере зошто не само постоечката, туку и било која македонската влада треба да интервенира во случаји на зголемен увоз и нарушување на пазарот, за да го заштити производството и откупот на стратешкиот земјоделски производ во Република Македонија – пченицата.

Пченицата е основниот прехрамбен производ за граѓаните на Република Македонија и најзастапената поледелска култура. И покрај тоа што производството на пченица генерално е помалку конкурентно во однос на регионалните економии, ниедна македонска влада несмее да си го дозволи луксузот во името на либераланата економија како што сугерира Либерлната партија, домашното производство на пченица целосно да го замени со узвоз. Ова пред се поради безбедноста на обезбедување на храна за населението како основна цел на земјоделската, и генерално економската политика на една држава.


Syndicate content