Реакција на Министерството за земјоделство на соопштението на СДСМ
Дата на објава: 
21 Јули 2013

Изненадува нападното внимание кое СДСМ во последниве неколку дена го посветува на земјоделството. И нивната загриженост, доколку е вистинска, а во што ретко кој може да поверува.

Денес СДСМ реагира на ставот на Министерството за земјоделство и на Владата за ефикасно решавање на состојбата со откупот на пченицата.

И повторно СДСМ е глув на сите податоци и аргументи со кои денес Министерството излезе со јасна намера во реализација на откупот на пченицата.

Сметаме дека е потребно уште еднаш да им го повториме следново, на македонскиот пазар во изминатите 18 месеци се увезени 153.000 тони меркантилна пченица и 70.000 тони брашно од пченица или изразено во меркантилна пченица вкупно 250.000 тони.

Се прашуваме дали на почитуваните „стручни и загрижени“ во СДСМ воопшто им е познато за колкава количина станува збор.


Прес-конференција на министерот за земјоделство Љупчо Димовски
Дата на објава: 
21 Јули 2013
jpg

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска одржа прес-конференција за досегашниот тек на откупот на пченица. Министерот Димовски, досегашниот тек на жетвата на пченица го оцени како релативно добар, со мало отстапување од просекот во споредба со минатите години во овој период. Не се забележани, рече, посериозни законски отстапувања во начинот на откуп на пченицата. До сега е извршен откуп на околу 50 илјади тони пченица. Оваа количина претставува 35 до 40 проценти од количината пченица која годишно вообичаено се предава во откупните компании.

Постојано ја оддржуваме комуникацијата со индивидуалните производители на пченица, односно со нивните претставници од сите форми на земјоделско здружување, при што добиваме изворни информации за текот, динамиката и вкупните количини пченица кои во изминатиот период, од започнување на жетвата до денес, се откупени од страна на овластените откупувачи кои се водат во Регистерот на Министерството – рече министерот Димовски.


Реакција на Министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМ
Дата на објава: 
17 Јули 2013

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија очигледно изненаден дека веднаш беа доставени на јавен увид сите детали од Договорот со ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕЛ, компанија основана од Сахара Индија Паривар, за долгогодишен закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, сега бара контроверзии таму каде што не може да ги најде.

Транспарентноста на Министерството е секако доказ дека во овој случај, како и во другите активности кои ги спроведува согласно своите надлежности, нема што да крие, напротив.

Договорот е склучен согласно постапките уредени со одредбите од Законот за земјоделско земјиште, додека обврските кои ги има превземено инвеститорот, сведоци сме дека во текот на овие денови започнуваат да се спроведуваат согласно предвидената динамика.

Како и секој друг земјоделски производител во Република Македонија  кој ќе ги исполни условите пропишани со годишните програми, ова земјоделско стопанство може да биде корисник на финансиска поддршка за земјоделството.


Реакција на Министерството за земјоделство по повод прес конференцијата на пратеничката Ленче Николовска

Само за неколку дена сведоци сме на контрадикторни изјави од страна на опозицијата кои се движат од критики на мерките за стабилизирање на пазарот со пченица со условниот увоз поврзан со откуп на домашна пченица, се до драматично барање за спас токму преку интервентни мерки на државата.

И на последните изливи за наводна загриженост, сакаме само да ги потсетиме „загрижените” дека Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство одамна уште пред започнување на жетвата е во постојан контакт и заедно во договор со примарните производители на пченица, млиновите откупувачи на пченица и пекарскиот сектор ги превземаат сите неопходни мерки за нормално спроведување на жетвата и откупот на лебното жито.


Работен состанок на министерот Димовски со работната група за реализација на инвестицијата на Сахара Груп во Македонија
Дата на објава: 
15 Јули 2013
P7150120.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денеска одржа работен состанок со работната група за реализација на инвестицијата на Сахара Груп во Македонија за Џумајлија. На состанокот освен претставници од Сахара Груп и експертот за земјоделско производство од Холандија, Јан Петер Девреиз, ангажиран од Сахара Груп, присуствуваа и директорот на Дирекцијата за технолошко, индустриски развојни зони, Виктор Мизо, директорот и заменик директорот на Агенцијата за храна и ветерина, Дејан Рунтевски и Абдулезел Догани, директорот на институтот за анимална технологија при ФЗНХ, проф.д-р Драгослав Коцевски, професор од Факултетот за ветерина, проф.д-р Дејан Јанкуловски и претставници од министерството за земјоделство.

 


Syndicate content