Соопштение
Дата на објава: 
7 Август 2013

Серијалот на патетични соопштенија за земјоделството на „стручните и загрижени“ во СДСМ, односно пратеничката Николовска продолжува.

Особено е загрижувачко тоталното непознавање на материјата и дрскоста со која се обраќаат во јавноста со наводни предлози.

Но, во оваа прилика само ќе запрашаме, кога било која Влада раководена од СДСМ има воопшто извршено било каков откуп за било кој земјоделски производ?

Дали можат да дадат одговор?

Ниту имаат извршено интервентен откуп, ниту пак можат да дадат одговор, ниту пак им е познато како сето тоа може да се оствари.

Во сета измешаност на ставови, засновани пред сѐ на наслушнато и недоразбрано се манипулира со интервентен откуп по интервентна цена, но таа да не биде пониска од 15 денари за килограм.

Истовремено пак, се укажува дека Владата врши притисок врз мелничарите да вршат откуп по нереална и висока цена од 15 денари за килограм.


Соопштение
Дата на објава: 
6 Август 2013

Повторно се потврдува заклучокот дека ниту повеќе часовната расправа за состојбата со откупот на пченицата на „стручните и загрижени“ во СДСМ, оддржана во собраниската Комисија за земјоделство, не успаеа да го измести нивниот став за излез од нешто за кое што тие сметаат дека постои.

Освен голата тафтологија и бледите фрази со критика кон сѐ и сешто, ништо друго не можеше да се слушне.

Секако, освен нивното зачудувачко непознавање и жалното непоимање на елементарни пазарни законитости.

Дали во СДСМ сѐ уште не се освестени за големата штета која ја предизвикаа со јавното лицитирање на датумот на сминување на мерката?

Дали тие на расправата не покажаа пред јавноста, но особено пред земјоделците, дека всушност и посакуваат да се случи нешто што по секоја цена ќе биде на штета на земјоделците.

Кога сето тоа тоа не им успеа, сега се активира втората фаза во сценариото за создавање конфузија. Оттаму е и активирањето на медиумска поддршка со веќе познатите фрази за „алармантна“ ситуација, за „паника“ меѓу земјоделците и слично.


Јавен повик
Дата на објава: 
31 Јули 2013

Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10 и 23/13), а во согласност со дел I мерка 6 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2013 година (,,Службен весник на Р.М” бр. 05/13, 41/13 и  87/13) Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за давател  на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД

Додаток за превземање: 

Средба на министерот Димовски со неговиот бугарски колега Греков
Дата на објава: 
28 Јули 2013
jpg

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во рамки на неформалната меѓувладина мини седница која се оддржа во Ќустендил, оствари билатерална средба со г. Димитар Греков, министер за земјоделство и храна на Република Бугарија.

Ова претставува прва средба на двајцата министри. На средбата се разговараше за соработката меѓу министерствата околку Евроинтегративните процеси и проширување на соработката во другите области од земјоделството.. Министерот Греков, му посака добредојде на својот македонски колега при што истакна дека тие како министри за земјоделство се најблиску до народот и искрено се надева дека наскоро и Република Македонија ќе ги започне преговорите за влез во Европската Унија.

Министерот Греков беше заинтересиран за состојбата со земјоделството во Македонија и истакна дека ако се обезбеди наводнување на земјоделските површини, ако се помогне на земјоделците во обработката на земјата и се чуваат шумите, и народот во нашите земји подобро ќе живее.


Соопштение
Дата на објава: 
25 Јули 2013

СДСМ наместо да се занимава со лиферување соопштенија за Договорот за закуп на земјоделско земјиште потребно е со своите пратеници кај себе и меѓу себе да ги расчисти дилемите и недоумиците кои тие ги имаат, а се поврзани со реализацијата на проектот од предметниот Договор.

Зошто на вчерашната повеќе од три часовна расправа на собраниската Комисија за земјоделство, некоординираните пратеници на СДСМ не ги поставија прашањата за елементите за кои имаат дилема.

Наместо да се говорат генерално можеа да постават конкретни прашања што им беше и понудено.

За тоа за што поставија прашање, добија и одговор.

Впрочем, свикувањето на седницата на Комисијата беше на нивна иницијатива.

Покрај тоа што на комисиската седница дојдоа неподготвени пратениците не биле ниту внимателни.

Затоа им е измешан и самиот број на фирми учеснички на Огласот.


Syndicate content