- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Развивање на силна меѓународна соработка за унапредување на трговијата со земјоделски производи
Дата на објава: 25 Април 2018Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Николовски присуствуваше на собир со министрите за земјоделство од земјите од Западен Балкан во Загреб, во организација на Томислав Толушиќ, министер за земјоделство на Република Хрватска. На состанокот се дискутираше за теми кои се важни за целиот регион, како што се иницијативата за воспоставување на директива на фер трговска пракса , регистрирање на традиционални земјоделски производи и справувањето со вишокот на храна. Република Македонија има конструктивен пристап во примената на одредбите од ЦЕФТА договорот. Ова има за цел да обезбеди слободно движење на стоки и особено на земјоделски производи во рамките на трговската зона ЦЕФТА, со примена на сите обврски кои произлегуваат од договорот и практиките кои се познати во ЕУ. Исплатени 104,7 милиони денари за дополнителната субвенција за грозје
Дата на објава: 24 Април 2018Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 104,7 милиони денари субвенции за грозје. Конкретно, исплатата е за дополнителната субвенција од два денари за килограм грозје предадено во домашни винарски визби. Мерката беше донесена лани со измени на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2017, со цел да им се помогне на лозарите, поради лошите временски услови кои негативно влијаеја врз родот. Обезбедени 15 милиони евра преку ИПА 2019 за финансирање во секторот земјоделство
Дата на објава: 23 Април 2018Денеска во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство се одржа редовниот работен состанок на Секторската работна група во која што членуваат претставници од МЗШВ, од Делегацијата на ЕУ, од надлежните институции во секторот земјоделство, странски донатори и невладини организации. До 15-ти мај трае рокот за поднесување барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и по грло добиток
Дата на објава: 21 Април 2018Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетуваат земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива земјоделска површина и по грло добиток за 2018 година ќе трае до 15-ти мај. Николовски:Активно работиме на воспоставување на земјоделски иновативни системи и унапредување на технологиите во земјоделството
Дата на објава: 20 Април 2018Воведувањето на новите технологии во земјоделството е приоритет на секоја држава која што цели кон создавање на едно модерно, развиено и конкурентно земјоделско производство, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната меѓународна конференција „Заедно за силно дигитално земјоделство“, што се одржува во Софија, Република Бугарија. |