Соопштение
Дата на објава: 
20 Август 2013

Во рамки на подготвителните активности за претстојната откупна сезона на винското грозје, денес, министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржаа работна ссредба со претставницитe на винскиот сектор од Република Македонија.

На средбата беа опфатени повеќе теми поврзани со досегашниот откуп на вискоквалитетните сорти на винско грозје, претстојниот откуп на винското грозје и организираноста на сите инволвирани страни во процесот на откупот, при што претставниците на винскиот сектор беа информирани за очекувањата и барањата на лозаропроизводителите, кои беа презентирани на последната средба со лозаропроизводителите, со посебен акцент на барањето на лозаропроизводителите за повисоки откупни цени на винското грозје во однос на ланската сезона, посебно за сортите смедеревка и вранец.


Соопштение
Дата на објава: 
19 Август 2013

Во насока на објективно информирање на македонската јавност а во контекст на информациите кои изминативе денови се пласираат од одредени медиуми, во врска со состојбите поврзани со откупот на домашната пченица од овогодишната реколта Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Ве информира дека како надлежна институција будно ги следиме активностите поврзани со откупот на домашната пченица и ги спроведуваме сите активности поврзани со процесот на  забрзување на динамиката на откуп.


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
16 Август 2013

Во рамки на подготвителните активности за претстојната откупна сезона на винското грозје, денес, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок со претставницитe на здруженијата на лозаропроизводителите од Република Македонија.

На средбата беа опфатени повеќе теми поврзани со позитивните ефекти од досегашното субвенционирање за производството на грозје, моменталната состојба на насадите, очекуваниот род од годинешната берба, квалитетот на винското грозје, состојбите со бербата на трпезното грозје, информации за квалитетот на грозјето и содржината на шеќерни единици, како и темите поврзани со отпочнување на бербата на винското грозје и организираноста во пресрет на отпочнување на откупната сезона.


Соопштение
Дата на објава: 
14 Август 2013

Во насока на подготвителни активности за претстојната откупна сезона на винското грозје, денес, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се оддржа редовен работен состанок со претставницитe на винарскиот сектор.


Соопштение
Дата на објава: 
9 Август 2013

 

 

Влада на Република Македонија

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

 

 

ИЗМЕНУВАЊЕ

НА

ЈАВНИОТ ПОВИК БР. 01/2013 ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ

НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013

 

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст: Агенција) ги известува сите заинтересирани субјекти за поднесување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 дека рокот за нивно доставување се продолжува до 30.09.2013  година.

 

Останатите делови од јавниот повик објавен на 08.07.2013 година остануваат непроменети и неговата целосна содржина може да се најде на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

 


Syndicate content