Реакција на Министерството за земјоделство на прес-конференцијата на СДСМ
Дата на објава: 
9 Септември 2013

СДСМ повторно се обрати до јавноста со свое видување за земјоделството и аграрните политики на само нему својствен и несериозен начин, со пресек „кога домаќинките почнуваат да спремаат зимница“?!

Само малку подобро упатените знаат дека земјоделската година не може да се пресметува со овој период, уште помалку да се направи осврт за успешноста. Во СДСМ би требало да им е познато дека до крајот на годината следат уште активности за таа да се затвори.

Но, како што СДСМ во последно време започна со практикување, подобро кажано копирање, на партиското дејствување налик на партиите од власта и на Владата, за жал денес повторно ја покажа својата неинвентивност и неукост, правејќи го тоа и во земјоделската политика.

 

Конечно, добро е што СДСМ за прв пат јавно излегува со најавување, но само со најавување, на своја политика во „земјоделието“, како што тие граматички неуко го нарекуваат земјоделството.


Министерот Димовски го отвори пливачкиот маратон, „Дојрански спортски ракувања 2013“
Дата на објава: 
7 Септември 2013
photo denovi1.png

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Димовски денес во Дојран ги отвори „Дојранските спортски ракувања 2013“ и пливачкиот маратон кој веќе по вторпат традиционално се организира во Дојран.

Според министерот, особено радува фактот што се гледа дека повеќегодишното успешно полнење на водите на Дојранското Езеро jа подигна свеста и односот кон езерото, кое од своја страна ни овозможува организирање и на спортски манифестации кои во јавноста дополнително ќе го популаризираат Дојран, но и ќе го зголемат интересот за Дојранското Езеро.

- Со враќањето на водата во езерото се овозможи да се дадат на концесија рибите од риболовната вода Дојранско Езеро за вршење стопански и оранизирање рекреативен риболов истакна министерот Димовски.


Презентиран мастер планот на Сахара за проектот млекарница
Дата на објава: 
6 Септември 2013
6795.jpg

На денешниот состанок во министерството за земјоделство, претставниците на Сахара Пјур го презентираа мастер планот за проектот пред министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, претставници од Агенцијата за храна и ветерина, од Министерството за транспорт и врски, од Агенцијата за просторно планирање, градоначалникот на Лозово и Свети Николе, како и Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Каде ќе бидат сместени капацитетите на млекарницата, каков е планот за спроведување на проектот, со каква технологија ќе функционира млекарницата, каде ќе бидат сместени 20-те илјади грла говеда, каде ќе се произведува сточната храна? На сите овие прашања денеска дадоа одговор од Сахара Пјур за проектот Сахара млекарница во Македонија.


Соопштение
Дата на објава: 
6 Септември 2013
9841.jpg

Македонска делегиција учествува на Конференцијата за Научна и технолошка соработка во земјоделството која за прв пат се одржува во Пекинг како дел од Форумот за соработка во земјоделството помеѓу Кина и земјите од Централна и источна Европа. Државниот советник Перица Иваноски во своето обраќање ја истакна потребата за заеднички настап на сите земји во справување со глобалните феномени кои имаат ефект на сите земји и стопанства подеднакво и кои неможат да бидат третирани изолирано.


Јавен конкурс
Дата на објава: 
6 Септември 2013

Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10 и 23/13), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за давател  на јавни услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2011 до 2017 година

Додаток за превземање: 

Syndicate content