Министерот Димовски на зажнејување ориз на традиционален начин во Кочани
Дата на објава: 
29 Септември 2013
JPG

Со зажнејување ориз на традиционален начин со срп, презентација на земјоделски машини, домашни ракотворби и јадења подготвени од ориз денеска продолжи 22. Меѓународна манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

На оваа стопанско-културна манифестација денеска присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

- Производството на ориз во Република Македонија е со долга традиција на одгледување. Значењето е многукртано бидејќи ги задоволува во целост потребите на домашниот пазар, извозно е ориентиран и ангжира многубројна работна сила во производството и доработката. Производството на ориз бележи константен пораст на површините и количините од 2008 до 2013 година. Во овој период е забележано зголемување од околу 80 отсто, а на количните на произведен ориз за околу 50 проценти, истакна министерот Димовски.


Резултатите над очекуваното од пробното производство на турските сорти ориз
Дата на објава: 
28 Септември 2013
JPG

Резултатите од проектот за пробното производство на турски сорти ориз во Кочанско се над очекуваното. Квалитетот на зрното е подобар, даваат поголем принос и порано зреат.

Ова го оцени министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета во Кочани во чии рамки присуствуваше на презентацијата на новите сорти ориз во Земјоделскиот институт.

- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го прифати проектот на Турската агенција ТИКА и пролетва на површини под ориз од 5 декари на Земјоделскиот институт се насеани 9 турски сорти ориз. Исто така на површините на 20 земјоделци во Кочанско се насеани пробни колични на турски сорти ориз, истакна министерот Димовски.

Тој додаде дека соработката ќе продолжи како проект и идната година и ако се потврдат очекувањата во приносите и квалитетот ќе продолжи производството.


Министерот Димовски на манифестацијата „Преспански јаболкобер“
Дата на објава: 
27 Август 2013
JPG

Во Ресен денеска започна традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ со која се означува почетокот на берба на јаболкото.Симболично првото јаболко на годинашниот преспански  јаболкобер го откина министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

- Овоштарството е застапено на околу 15.000 ха или зафаќа 2,7 % од вкупната обработлива површина во Република Македонија. Последните четири години има тренд на зголемување на производството на јаболки од околу 20 % во 2012 споредбено со 2009 година. Исто така оваа година има зголемување не само на количините на произведено јаболко, туку и на квалитетот на родот. Во ресенско-охридскиот регион се  произведува околу 103.000 тони на јаболки или околу 87 % од вкупното произведено јаболко во Република Македонија. Преспа е носител на јаболковото производство во државава. Како министерство правиме конкретни напори за подобрување на условите, не само за производството, туку и за пласманот, рече министерот Димовски.


Министерот Димовски на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени
Дата на објава: 
26 Септември 2013
JPG

Од климатските промени чие негативно влијание Македонија веќе го чувствува, загрозени се поважните земјоделски региони и стратегиските култури, додека проценките за економските штети се загрижувачки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

По  завршувањето на есенската кампања на Караванот за климатски промени во Свети Николе, министерот Димовски нагласи дека земјоделството е меѓу најранливите економски сектори од овој аспект.

Идниот период, најави, министерството ќе се фокусира на креирање соодветни политики и дефинирање мерки за прилагодување кон климатските промени.


Министерот Димовски во посета на Водостопанство „Прилепско Поле“
Дата на објава: 
25 Септември 2013
photo.JPG

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска направи увид на тековната работа на чистењето на големиот канал Блато во Прилепско.

- Ако населението од околните села е задоволно, мора да бидам и јас. Може да се гарантира дека нема да има поплавување ниту на земјоделските површини, ниту на селата. Следните 7-8 километри од каналот кои ги планира прилепското водостопанско претпријатие „Прилепско поле “ за чистење в година, треба да бидат ставени во програмата на министерството за да ги финансира. Програмата што ќе се изготви кон крајот на годинава ќе биде претставена пред владата за да се исчистат нови 140 километри од каналската мрежа во земјава, изјави министерот Димовски.


Syndicate content