Дата на објава:
30 Септември 2013Ниту земјоделците се излажани, нуту Владата ги има оставено настрана, како што денес тоа го тврди СДСМ.
Партијата која производната земјоделска година ја сведува со “периодот за подготвување на зимница“ денес излзе со отварање на сериозна тема за која, благо речено е неупатена, а уште повеќе искрена.
Ниту пак наведените проценти се точни, уште помалку начинот на откуп и вкупно откупените количини пченица оваа година, до сега.
Уште помалку податоците за откупената количина во изминатите години. Тие воопшто ги немаат земено во предвид. А ниту им се познати.
Навистина е жално што и овој пат се потврдува дека „загрижените и стручни“ во СДСМ не соработуваат со производителите на пченица и овластените, односно регистрирани откупувачи на пченица за да ги добијат изворните информации за количината пченица од овогодишната реколта и вкупно откупената количина до сега.