Новости

Пчеларите задоволни од состанокот во Министреството за земјоделство
Дата на објава: 
3 Февруари 2010
Sostanok so pcelarite 021.jpg

Зголемен број на пчелни семејства, но и на лица кои се занимаваат со пчеларство како примарна и како дополнителна дејност. Ова е резултат на правилно насочените субвенции за поддршка на овој вид сточарско производство,беше кажано на денешниот работен состанок во министерството со претставниците на пчеларските здруженија.Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, информира дека минатата година од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, на пчеларите им биле исплатени повеќе од 76, 4 милиони денари, наспроти 54 милиони денари во 2008 година.


Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
Дата на објава: 
3 Февруари 2010

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство даде зелено светло за второ читање на Предлог законот за изменување на Законот за тутун и тутунски производи. Членовите на Комисијата расправаа и по амандманите поднесени по предлог-законите за ветеринарно-медицински препарати, како и за именување и дополнување на Законот за пасишта во второ читање.


Презентиран Предлог законот за земјоделство и рурален развој
Дата на објава: 
2 Февруари 2010

Уредување на пазарите со земјоделски производи, обезбедување стабилност на доходот на земјоделските производители, зачувување на конкурентските услови, пропишување услови за откуп и увоз, воведување задолжителни откупни договори и потсекторска соработка, како и мерки за поттикнување на потрошувачката и за заштита на пазарот, се дел од одредбите содржани во новиот закон за земјоделство и рурален развој што го изготви Владатаa, кој е веќе во собраниска процедура.


Годинава за поддршка на руралниот развој 10 милиони евра
Дата на објава: 
1 Февруари 2010

За инвестиции во руралниот развој, годинава од Буџетот, со Програмата за финансика поддршка на рурален развој  ќе се одвојат 579 милиони денари или околу 10 милиони евра, што е за 3 милиони евра повеќе од 2009 година. На прес-конференцијата која  се одржа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Маргарита Делева, државен советник за рурален развој информира дека огласот за распределба на парите од оваа програма ќе биде објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, на крајот на наредниот месец.

 


Календар за поднесување на барања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година
Дата на објава: 
1 Февруари 2010
Додаток за превземање: 

Syndicate content