Реакција на Министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМ
Дата на објава: 
26 Ноември 2013

На денешниот прес на СДСМ, за поздравување е признанието на СДСМ дека не ја следат состојбата во земјоделството, туку баш од денес ќе почнеле и тоа со жестоко темпо.

Денеска очекувано СДСМ пак си ги повтори памфлет-политиките за развој на земјоделството, но овојпат изгореа во пуста желба за агро-анализи и ветуваат намалени инвестиции во системите за наводнување на 10 милиони евра годишно, а Владата веќе одделува најмалку 18 милиони евра годишно, се ветува намалена поддршка за инвестиции во бунари во износ од 30% покривање на трошоци за дупчење на бунари, а Владата веќе доделува 100% поврат од вложените средства за оваа намена. Бројките од „анализите“ на СДСМ очигледно денес потфрлиле и кај агро-анализата за „двојно“ зголемување на субвенциите па така од  денеска на наше огромно разочарување ветувањето на СДСМ за зголемување на субвенциите не е  веќе дел од нивните памфлет-политики.


Соопштение
Дата на објава: 
26 Ноември 2013

Следејќи ги таканаречените успешни теренски посети на водечката четворка на СДСМ може да се констатира дека конечно на виделина излезе на кој начин СДСМ „двојно“ ќе ги зголемува субвенциите за земјоделците – секако на нив својствен начин со кратење од најранливите категории на мали земјоделски стопанства.

Всушност, СДСМ двојно ќе ги зголеми субвенциите на сметка на намалување на исплатите на малите фарми.

Еве како СДСМ ќе исплаќа „двојни субвенции“:

Македонското земјоделство се карактеризира со 90% мали земјоделски стопанства чиј просечен принос на пченица изнесува едвај 2 тони по хектар. Поставувајќи ја границата на принос за поголеми субвенции над 3 тони по хектар значи дека можеби само 10% од земјоделските стопанства ќе ја користат оваа „ветена придобивка“.

Останатите, според СДСМ, доколку сакаат поголеми субвенции едноставно нека си копаат бунари!


Јавен оглас 03/13
Дата на објава: 
23 Ноември 2013

Врз основа на член 21 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 и 106/13), по Одлуката бр.22-21148/1 од 22.11.2013 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н О Г Л А С    03/13

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионите Валандово, Гевгелија и Струмица за вкупна површина од 36ха 39ар 10м2


Состанок на министерот Димовски со претставницитe на тутунопроизводителите и откупните претпријатија за тутун
Дата на објава: 
21 Ноември 2013
PB210064.JPG

Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски во рамки на подготвителните активности за претстојната откупна сезона на тутунот, денес, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одржа работен состанок со претставницитe на здруженијата на тутунопроизводителите од Република Македонија и откупните претпријатија за тутун.

На средбата беа опфатени повеќе теми поврзани со позитивните ефекти од досегашното субвенционирање за производството на тутун, очекуваниот род од годинешната берба, квалитетот на тутунот и темите поврзани со организираноста во пресрет на отпочнување на откупната сезона.


Соопштение
Дата на објава: 
21 Ноември 2013

Се врши исправка во ЈАВНИТЕ ПОВИЦИ  до 10ха и над 10ха, за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост  објавени во дневните весници Вечер, Нова Македонија и Коха на ден 15.11.2013

 

 

Во Јавниот повик

за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 ха

 

Во ставот 2 точката се брише, се става запирка и се додаваат зборовите „но за земјиште на кое е подигнат долгогодишен насад со старост најмалку од 3 години“.

Во ставот 3  во алинеа 2, зборовите „и оранжерии“ се бришат, исто така се бришат и алинеа 3, алинеа 4 и алинеите 5 и 6.

Овие измени се однесуваат за Jавниот повик бр. 01/13; 02/13; 03/13; 04/13; 05/013 и 06/13

Останатите одредби од Јавниот повик остануваат исти.

 

 

 

Во Јавниот повик бр 06/13

за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 ха


Syndicate content