Министерот Димовски на средба со производителите на ориз од Кочанскиот регион
Дата на објава: 
4 Декември 2013
 04.12.13.JPG

Штетите направени од сланата пред жетвата, ненавремената сеидба на оризот поради задоцнетото пуштање на водите од хидросистемот Брегалница, како и намалените приноси кај домашните сорти на ориз, беа основните прашања за кои денеска во Чешиново разговараа министерот за земјоделство Љупчо Димовски и оризопроизводителите од овој регион.

- Владата и ресорното Министерство ги знаат проблемите на оризопроизводителите  кои годинава добија слаб род на полињата од домашните сорти ориз и затоа преземаат мерки за стимулирање онаму каде што штетите се најголеми. Водостопанство Брегалница за наредната наводнителна сезона ќе ја поправи навреме каналската мрежа и испораката на водата ќе ја започне од 7 април до почетокот на мај, кога се сее оризот во Кочанско, истакна министерот Димовски.


Средба на министерот Димовски со новоименуваниот постојан претставник на Мисијата на УНДП во Скопје, Луиза Винтон
Дата на објава: 
4 Декември 2013
PC040072.JPG

На денешната средба на министерот Љупчо Димовски со новоименуваниот Постојан координатор на Обединетите нации и постојан претставник на Мисијата на УНДП во Скопје, Луиза Винтон беше истакната и потврдена досегашната успешна соработка меѓу министерството за земјоделство и Мисијата на УНДП во Скопје. Оваа соработка се очекува да се развива и во иднина имајќи ги предвид потенцијалите на нашата земја во земјоделството како важна гранка на стопанството, со цел подобрување на стандардот на живеење на населението во руралните средини.

На состанокот се разговараше за повеќе прашања од областа на земјоделството, шумарството и руралниот развој каде што УНДП понудија техничка и експертска поддршка за подготовка на секторите во процесот на ЕУ интеграции.


Координативен состанок на министерот Димовски со тутунопроизводителите и откупувачите на тутун во пресрет на откупната сезона
Дата на објава: 
3 Декември 2013

Министерот Љупчо Димовски, заедно со заменик министерот Зоран Коњановски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство денес одржаа работен состанок со претставници од Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите и генералните менаџери на  Сокотаб, Алијанса Оне и Струмица Табак.

На состанокот се отворија сите актуелни прашања поврзани со откупот на тутун во оваа откупна сезона како и за почетокот на редовниот откуп на тутун. Од страна на претставниците на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите  е нагласено соочувањето со низата неправилности на терен при откупот на тутун, односно на ригорозната проценката на квалитет на тутунот, особено на меѓу класите, уште на почетокот на откупната сезона.


Министерот Димовски и евроамбасадорот Орав во посета на Платежната агенција
Дата на објава: 
28 Ноември 2013
9.JPG

Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски и Амбасадорот на Европската комисија во Република Македонија денеска ја посетија Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, каде одржаа состанок со директорот на Платежната агенција, Тони Димовски.

Професионални, добро екипирани служби, квалитетни проекти и иницијативи од страна на фармерите кои речиси не веруваат дека може да добијат пари од ЕУ, се препораките од евроамбасадорот Аиво Орав за што поголемо искористување на ИПАРД фондовите.

- Парите од ЕУ се повеќе теоретски зашто нема земја во ЕУ или држава кандидат за членство која може да апсорбира 100 отсто од средствата. Но, вашата цел би требало да биде повлекување што повеќе, блиску до 100 проценти, изјави Орав по денешната посета на Платежната агенција.

Според него, земјоделството има многу важна улога за државата и од тие причини е особено битно помошта од ЕУ што им се дава на фармерите за модернизација да биде ефикасно и добро искористена.


Соопштение
Дата на објава: 
28 Октомври 2013

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите производители на вино запишани во Регистарот на производители на вино, дека е подобрена постапката по барањата за издавање на Решение за ставање на вино во промет.

 

Со подобрувањата на постапка за поднесување на барањето за издавање на Решение за ставање на виното во промет, во иднина сите производители на вино ќе можат да ги поднесуваат барањата во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во која се наоѓа седиштето и/или производниот капацитет на производителот на вино.

 

Покрај ова, со подобрувањето на постапката рокот за издавање на решението за ставање на вино во промет се скратува од максимални 30 дена на максимални 10 дена.


Syndicate content