Реакција на Министерството за земјоделство на соопштението од политичката партија СДСМ
Дата на објава: 
15 Декември 2013

Откако целата јавност и сите земјоделци се уверија дека долгонајавуваната програма на СДСМ за земјоделството, е всушност памфлет без идеја и визија кој се темели на работи кои или веќе се направени или се во фаза на тековна реализација од страна на Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од СДСМ повторно се вратија на старата тактика која се темели на неосновани критики, обвинувања и подбуцнувања. Веќе видено и слушнато, од оние кои земјоделците ги гледаат како измеќари а не како достоинствени луѓе. Веќе видено и слушнато до СДСМ.


Министерот Димовски на научен собир за пчеларство на Факултетот за земјоделски науки и храна
Дата на објава: 
14 Декември 2013
 1.jpg

Производството на мед во Македонија не е на посакуваното ниво, нема доволно количини за задоволување на основните потреби, а потфрла и квалитетот. Како што беше речено на денешниот научен собир на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ), пчеларството треба да се земе предвид многу сериозно со оглед на неговата економска, стопанска важност.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, за подобрување на состојбата во пчеларството кај нас, неопходно е користење контролиран и селектриан репроматеријал, матици и роеви, организирано системско засадување медоносни растенија, едногодишни и повеќегодишни кои цветаат во т.н. безпашни периоди заради континуирано обезбедување нектар, како и интензивирање на селидбеното пчеларење.


Посета на министерот Димовски на откупни пунктови за тутун во Прилеп
Дата на објава: 
12 Декември 2013
prilep.JPG

Тутунот од годинашнава реколта се откупува, но нема да се толерира нереална процена на родот и отстапување од законот и мерилата за откуп, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски кој заедно со инспекторатот ги посети откупните пунктови во Прилепско.

Нема да се толерираат, како што рече, никакви процени и работа на откупните претпријатија надвор од законот.

- Тутунарите ќе ја имаат поддршката од Министерството и Владата и не сакаме да се повтори ситуацијата од пред неколку години, кога штета имаа само тутунарите преку намалување на откупната цена, потсети министерот Димовски.

Тој додаде дека годинашнава реколта е квалитетна и тешка околу 30.000 тони, а вреди преку 80 милиони евра.


Министрите Димовски и Наумоф се сретнаа со израелски бизнисмени
Дата на објава: 
6 Декември 2013
PC060094.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и министерот без ресор, задолжен за странски инвестиции Џери Наумоф, денес се сретнаа со претставници од компанијата НИР од Израел, која се занимава со производство и преработка на земјоделски производи. Во Македонија се дојдени за поблиску  да  се запознаат со можностите за производство, откуп преработка и извоз на јаткасти овошни производи и проширување на нивната дејност во Република Македонија.

На средбата, гостите изразија голем интерес за вложување во земјоделскиот сектор, подигање на нови овошни насади, за инвестирање во преработувачката индустрија, како и во откупно дистрибутивен центар.


Средба на државниот секретар Бесир Јашари со Петар Сијарто, Државен секретар за надворешна економска соработка на Унгарија
Дата на објава: 
5 Декември 2013
PC050083.JPG


Syndicate content