Дата на објава:
28 Декември 2013Влада на Република Македонија
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 21 од Закон за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија” бр.135/07, 18/11, 42/11. 148/11, 95/12 и 79/13), по Одлуката бр.22-22435/1 од 26.12.2013 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Ј а в е н О Г Л А С бр.05/13
за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари
I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионите:Струмица, Велес, Крива Паланка, Гевгелија, Ресен, Крушево, Струга, Охрид, македонски Брод, Кисела Вода и Демир Хисар.