Инвестиции за доработка, преработка, складирање, пакување и маркетинг на земјоделски производи
Дата на објава:
16 Март 2010Средствата на програмата за рурален развој за инвестиции за доработка, преработка, складирање, пакување и маркетинг на земјоделски производи се во висина од 63.000.000 денари.Со оваа мерка ќе се ко-финансираат инвестициите за постигнување на стандардите за безбедност на храна во преработка на земјоделски производи.Во оваа група не спаѓаат преработката на овошје и зеленчук, грозје за вино, млеко и млечни преработки и кланични капацитети. Прифатливи трошоци за кој може да се аплицира се:услуги за изработка на проект и техничка документација за градба,набавка на материјали за градба и елементи за конструкција за адаптација на градежни објекти и комунална инфраструктура за достигнување на стандардите за безбедност на храна,набавка на материјали за градба, елементи за конструкција и опрема за санитарно-хигиенски простории за вработените, за чување на опрема за чистење,набавка на опрема за чистење и дезинфекција на машини и алати како и услуги за вршење на градежни работи и монтажа и инсталација на опрема.