Министерот Димовски за МИА: Македонија максимално да ги користи можностите за поголемо производство на храна
Дата на објава: 
3 Јануари 2014
 Димовски.jpg

Како ја оценувате годинава што изминува? Во кој дел фармерите и земјоделските стопанства имаа најмногу проблеми? Се размислува ли можеби за нови мерки кои би ги олесниле производството и пласманот во насока на поголема конкурентност?
Карактеристично за македонското земјоделство во 2013 година беа осцилациите во производството. Врз основа на информациите и нивната аналитичка обработка се обидовме да ги предвидиме состјобите на глобалниот и регионален пазар. Истовремено конјуктурата одеше во прилог на повеќето земјоделски производи карактеристични за Македонија.


Министерот Димовски за Вечер: Развојот на аграрот мора да продолжи
Дата на објава: 
31 Декември 2013
_GIO3335.jpg

Колку 2013 година донесе важни промени во македонското земјоделство?

-Карактеристично за македонското земјоделство во 2013 година беа осцилациите во производството. Врз основа на информациите се обидовме да ги предвидиме состјобите на глобалниот и регионален пазар, а конјуктурата одеше во прилог на повеќето земјоделски производи карактеристични за Македонија.


Известување
Дата на објава: 
31 Декември 2013

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека може да се изврши Јавен увид во Годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2013 година. Јавниот увид во Годишната програма за продажба на земјоделско земјисте во државна сопственост за 2013 година може да се изврши на веб страницата на министерството www.mzsv.gov.mk или во просториите на подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почнувајки од 31.12.2013 година заклучно со 29.01.2014 година.

Додаток за превземање: 

Брендирани вински продавници во девет македонски градови
Дата на објава: 
29 Декември 2013
1.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе кофинансира отворање на 10 специјални вински продавници со површина од 30 до 100 метри квадратни во кои ќе се продаваат македонски вина и ќе бидат препознатливи дека се брендирани од државата. За таа намена ќе одвои 10 милиони денари од Програмата за рурален развој.

Огласот наскоро ќе биде објавен, а првите продавници ќе се отворат во Скопје две и по една во Охрид, Берово, Кавадарци, Штип, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево, градовите во кои има најмногу туристи.


Отворена подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство во Вевчани
Дата на објава: 
28 Декември 2013
photo 1.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија денеска отвори подрачна единица во општина Вевчани.

Отворањето на оваа подрачна единица, како што истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, е резултат на беспрекорната соработка со градоначалникот на општината Цветомир Угриноски, како и со сите луѓе од овој регион кои се заинтересирани за земјоделството.

- Посветуваме големо внимание на Вевчани, кое има големи потенцијали за производство на добри земјоделски производи, за развивање на земјоделскиот сектор, за преработувачки капацитети, ама истовремено е бисер на руралниот туризам во Македонија и заслужува внимание, не само преку отварање подрачна канцеларија, туку и конкретна финансиска поддршка во делот на развојот на сите програми што ги има зацртано градоначалникот, изјави министерот Димовски.


Syndicate content