Дата на објава:
23 Март 2010На првиот оглас за ИПАРД средствата се пријавиле вкупно 131 апликант, но оваа бројка не е конечна зашто некои од барањата се уште пристигнуваат по пошта, рече денеска на прес-конференција заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски.
- Ова е исклучително добар, охрабрувачки резултат, особено ако се спореди со резултатите остварени во другите земји, сега членки на ЕУ. Aко пак се земе предвид амбинетот настанат од негативното влијание на светската финансиска криза, ваквите резултати се совпаѓаат со нашите првични проекции, истакна Иваноски.