Проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој
Дата на објава: 
25 Јануари 2014
JPG

Во кратовското село Трновац денеска е означен почетокот на изградба на нов локален пат од село Трновац до регионалниот пат во општина Кратово. Патот ќе биде во должина од 4,3 километри и за неговата изградба и асфалтирање ќе бидат вложени околу 20 милиони денари, средства обезбедени од Програмата за финансиска поддршка за рурален развој.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој присуствуваше на настанот, истакна дека во изминатите пет години преку оваа програма реализирани се 19,5 милиони евра и асфалтирани се околу 200 километри локални патишта и околу 180 улици.


Проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој
Дата на објава: 
23 Јануари 2014
slika.jpg


Заклучоци од Шестиот Берлински самит на министри за земјоделство
Дата на објава: 
18 Јануари 2013

Во фокусот на годинешниот Шести Берлински самит на министри за земјоделство, кој денес се одржа во рамките  на Глобалниот форум за храна и земјоделство, беше зајакнување на земјоделството кое ќе придонесе кон подобрување на здравјето на луѓето како и обезбедувањето на доволно храна и соодветна исхрана за населението.

Министрите на самитот заеднички се согласија дека достапноста до соодветна и разновидна храна за секој жител на планетата  е предуслов за постигнување на оваа цел. А воедно се согласија дека земјоделството е стожер, бидејќи ги поставува темелите за производство на доволни количини здрава храна.

Реалната ситуација во светот е зголемување на недостигот на употребливи природни ресурси, негативното влијание на климатските промени, екстремните природни катастрофи и губењето на биолошката и генетската разновидност, како и плодност на почвата, што спречуваат потенцијалот на земјоделството целосно да биде искористен.


Средба на министерот Димовски со министерот за земјоделство на Словенија Дејан Жидан
Дата на објава: 
18 Јануари 2014

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчo Димовски на вториот ден од меѓународниот саем за храна, земјоделство и хортикултура „Зелена недела“ одржа билатерална средба со својот колега, министерот за земјоделство на Словенија Дејан Жидан.

На средбата двајцата министри разговараа за актуелните прашања, политики и моменталната состојба во во земјоделството во двете земји.


Средба на министерот Димовски со кинескиот амбасадор Џивеи
Дата на објава: 
13 Јануари 2014
P1130013.JPG

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски,  денеска одржа состанок со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија г.Цуи Џивеи.

Амбасадорот Џивеи.  го информираше министерот Димовски дека кинески компании од областа Сичуан во НР Кина се заинтересирани за инвестирање во земјоделскиот сектор. Најави дека во наредниот период ќе дојдат во Македонија за поблиску  да  се запознаат со условите за инвестирање во сточарството, посебно во делот за одгледување на овци. Тој го извести министерот Димовски дека областа Сичуан е најголемата кинеска провинција, со 90 милиони жители, и со најразвиено земјоделство, посебно во свињарството, каде годишно се одгледуваат по 90 милиони свињи.и каде една четвртина од вкупното производство на земјоделски производи во НР Кина се остварува во провинцијата Сичуан.


Syndicate content