Дата на објава:
8 Април 2010Во Штип денеска се одржа трибина за ИПАРД програмата на која присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Целта на трибината, како што рече Димовски, е да се детектираат проблемите и критериумите за ИПАРД апликациите.
- Детерминирани се проблеми во делот на Законот за градење, заштита на животната средина и добивањето соодветни документи предвидени во ИПАРД средствата. Очекувам во соработка со ресорните министерства да ги надминеме, истакна Димовски.
Тој додаде дека Министерството за земјоделство ќе се обиде да ги намали критериумите за ИПАРД апликациите.
Во наредните месеци вакви трибини и средби ќе се одржат во уште неколку градови