Новости

Подготовка на слатко од диви смокви во Дојран
Дата на објава: 
25 Април 2010

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски  присуствуваше на манифестацијата за промоција и подготвка на  слатко од диви смокви што се одржи во општина Дојран во соработка со Слоу Фуд и мрежата на жени на ФФРМ

 

Манифестацијата  е дел од Проектот на Фондацијата Слоу Фуд за промоција на автохтони сорти на оваа култура од целиот свет.

 

Промоцијата на овој производ карактеристичен за југозападниот дел од државата беше и поводот петнаесетина жени од регионот денеска по стар домашен рецепт да подготват околу 100 килограми слатко.


Ќе се интензивира соработката во руралниот развој и органското производство меѓу Република Македонија и Република Словенија
Дата на објава: 
22 Април 2010
New Image 1.jpg

Соработката во областа на земјоделството и прехранбената индустрија е значајна во вкупната размена  меѓу Република Словенија и Република Македонија, беше  истакнато на денешниот бизнис форум, по чие завршување во Љубљана, Република Словенија се одржаа и билатерални средби на македонски и словенечки компании. Стопанската комора на Словенија, Земјоделско шумарската комора и  агропрехранбената комора  на Словенија како и Сојузот на стопански комори на Република Македонија,  кои учествуваа на форумот, согласни се дека соработката може да биде уште поголема.


Министерот Димовски се сретна со Словенечко – македонскиот бизнис клуб во Љубљана
Дата на објава: 
22 Април 2010
biznis delegacija vo ambasada.jpg

,,Дојдовме да ги продлабочиме добрите економски односи и да ги понудиме македонските производи и македонското вино,,- истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на синоќешната средба со Словенечко – македонскиот бизнис клуб во македонската амбасада во Љубљана, Република Словенија. Македонската Влада и министерството за земјоделство, создаваат услови за прилагодување на македонскиот аграр на европските пазари за поорганизиран настап.


Министрите Димовски и Јанакиески ги посетија поплавените области во Јегуновце
Дата на објава: 
20 Април 2010

Надлежните државни институции ќе преземат повеќе активности за санација на состојбата предизвикана од зголеменото ниво на Вардар во Тетовско.

 

Тоа го најавија министерите за транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Миле Јанакиески и Љупчо Димовски, кои со генералниот директор на АД „ЕЛЕМ“, Влатко Чингоски, денеска ја посетија општина Јегуновце и населените места Туденце и Раотинце, каде е забележано излевање на реката Вардар заради зголемениот водотек по поројните дождови кои го зафатија полошкиот регион.

 

Во следниот период е предвидено да продолжат мерките за превенција и заштита од страна на Дирекцијата за заштита и спасување,а министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави информација до Владата за можностите за имплементација на проект за регулација на речното корито на потегот од Јегуновце до Туденце во должина од 7 километри.


Премиерот Никола Груевски го посети поплавеното место Раотинце каде изминативе два дена надојдените води на Вардар
Дата на објава: 
17 Април 2010

Премиерот Никола Груевски го посети поплавеното место Раотинце каде изминативе два дена надојдените води на Вардар поплавија околу 30 куќи и 200 хектари обработливо засеано земјоделско земјиште.

 


Syndicate content