ЈАВЕН ПОВИК
Дата на објава: 
1 Февруари 2014

Врз основа на член 26 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12 и 164/13) и Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов на риболовно подрачје Преспанско езеро бр. 41-10549/1 од 30.12.2013 година, (“Службен весник на Република Македонија” бр. 1/14), Комисијата за спроведување на постапки за доделување на концесии на рибите за вршење стопански риболов и за организирање на рекреативен риболов во риболовни води, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов на риболовно подрачје Преспанско Езеро

Додаток за превземање: 

ЈАВЕН ПОВИК
Дата на објава: 
1 Февруари 2014

Врз основа на член 26 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12 и 164/13) и Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов на риболовна зона од регулациониот објект на ХЕЦ Глобочица кај црквата „Света Петка“ до местото викано ДИВЛЈАК – Струга во објектот ДАЛЈАН - Струга бр. 41-10549/3 од 30.12.2013 година, (“Службен весник на Република Македонија” бр. 1/14), Комисијата за спроведување на постапки за доделување на концесии на рибите за вршење стопански риболов и за организирање на рекреативен риболов во риболовни води, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов на риболовна зона од регулациониот објект на ХЕЦ Глобочица кај црквата „Света Петка“ до местото викано ДИВЛЈАК – Струга во објектот ДАЛЈАН - Струга

Додаток за превземање: 

ЈАВЕН ПОВИК
Дата на објава: 
1 Февруари 2014

Врз основа на член 28 став 1 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство (“Службен весник на Република Македонија” бр.6/12), член 36 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија” бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13 и 187/13), Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесија на дивечот во ловиштата во ловните реони Македонски Брод, Берово, Прилеп, Тетово, Велес, Свети Николе, Радовиш, Штип, Битола, Делчево и Кочани (“Службен весник на Република Македонија” бр.185/13), Комисијата за спроведување на постапка за доделување на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

ЗА ДАВАЊЕ НА ДИВЕЧОТ ВО ЛОВИШТАТА НА КОРИСТЕЊЕ ПО ПАТ НА КОНЦЕСИЈА ВО ЛОВНИТЕ РЕОНИ МАКЕДОНСКИ БРОД, БЕРОВО, ПРИЛЕП, ТЕТОВО, ВЕЛЕС, СВЕТИ НИКОЛЕ, РАДОВИШ, ШТИП, БИТОЛА, ДЕЛЧЕВО И КОЧАНИ

Додаток за превземање: 

ЈАВЕН КОНКУРС
Дата на објава: 
1 Февруари 2014

Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10 и 23/13), а во согласност со дел I мерка 6 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2014 година (,,Службен весник на Р.М” бр. 15/14) Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за давател  на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД

Додаток за превземање: 

Соопштение
Дата на објава: 
31 Јануари 2014

После денешниот протест на мал дел од земјоделците од струмичкиот регион,  должни сме да ја известиме јавноста дека Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство се во постојана комуникација и договор со индивидуалните производители на тутун, легитимните Здруженија на тутунопроизводителите и откупните претпријатија и ги превземаат сите неопходни мерки за нормално спроведување на откупот на тутун.
Динамиката за откупот на тутун се интензивира а тоа се докажува и со тоа што од денеска, за забрзана динамика на откупот, компаниите се задолжени идниот месец да вршат интензивен откуп, и за време на викнедите, со загарантирана минимална количина по вага, не по пункт.
Со ова всушност сакаме да влееме сигурност кај производителите, дека навистина внимаваме на нив.
Средбите со менаџерите и директорите на откупните компании се одржуваат редовно, на неделно ниво, понекогаш и почесто.
Оваа Влада веќе 5 години наназад исплаќа по 60 денари за килограм произведен и предаден тутун.


Syndicate content