Се интензивираат градежните работи за воспоставување на Интегрирано Гранично Управување на граничен премин ,,Табановце,,
Дата на објава:
3 Мај 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска извршија обиколка на градежниот објект за ветеринарна и фитосанитарна контрола на граничен премин Табановце.
Со помош на средства од Програмата на CARDS е подржан проектот “Подршка на Интегрирано Гранично Управување“, управуван и финансиран од страна на Европската Агенција за Реконструкција.
Со проектот како грант се обезбедени финансиски средства во висина од 1.674.356 евра наменети за изградба на објекти за ветеринарна и фитосанитарна контрола на граничниот премин Табановце,а вкупната корисна површина на објектите изнесува 1819 м2.