Интервју на министерот Димовски за European Times
Дата на објава: 
13 Февруари 2014
15.jpg

European Times: Дали можете да дадете резиме на работата во земјоделскиот сектор во 2013година?


Министерот Димовски во работна посета на Пехчево
Дата на објава: 
11 Февруари 2014
slika peh.jpg

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Димовски присуствуваше на  започнувањето на работите на паркот „Езерце“ во Пехчево и на изградбата на улици во селата Умлена, Чифлик и Негрево, со вкупен износ од 4.746.685,00 денари.
- Пoсетата на  општина Пехчево ја искористивме да го одбележиме почетокот на работите за уредување на  излетничкото место „Езерце“ на површина од 3,36 хектари, за што преку Програмата за рурален развој обезбедивме средства во износ од  околу 3.000.000,00 денари. За подобрување на условите за живот во селата Негрево, Умлена и Чифлик  се одобрени проектите на локалната самоуправа во Пехчево за селски улици во вкупна должина од еден километар, за  што ќе бидат инвестирани 4.746.685,00 денари, рече министерот Димовски.


Езерата и реките под концесија за стопански и за рекреативен риболов
Дата на објава: 
9 Февруари 2014
slika press.JPG

Владата под концесија ќе ги даде рибите од водите на Преспанското, Тиквешкото и дел од Охридското Езеро како и водите на шест акумулации и повеќе сливови на реки. Постапката е почната. Повикот е објавен пред десетина дена и се однесува на три концесии за стопански риболов и 25 за рекреативен риболов. Концесиите се даваат на рок од шест години, а ќе бидат за првпат распределени по електронски пат.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната заедничка прес-конференција со минситерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски рече дека ова придонесува кон економски развој и отворање нови работни места.
Еден од критериумите за избор на концесионер за рекреативен риболов, како што рече министерот Димовски, е вкупниот број членови на риболовните друштва, како и водењето грижа за одржување на рибниот фонд на одредено ниво.


Средба на министерот Димовски со амбасадорот на Р.Турција во Р.Македонија
Дата на објава: 
7 Февруари 2014
P2070033.JPG

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска оддржа работен состанок со амбасадорот на Република Турција  во Македонија НЕ Ѓурол Сокменсуер .
На состанокот  се разговараше  за тековните активности и проекти кои се реализираат помеѓу  министерствата за  земјоделство и храна, и шумарство и водостопанство на Република Турција и Министерството за земјоделство на Република Македонија, кои  произлегоа од минатогодишната средба помеѓу министерот Димовски и министрите Мехди Екер и Вејсел Ероглу.
Сите договорени активности и проекти успешно се реализираат, а една од нив е напредокот во делот на водоснабдувањето и системите за наводнување. Искуството на турските експерти во делот на водоснабдувањето и препораките и насоките кои ги добивме од нив ги ставивме во нашата програма за реорганизација на водостопанските претпријатија истакна министерот Димовски.


Министерот Димовски во посета на општина Чешиново-Облешево
Дата на објава: 
6 Февруари 2014
slika cesh2.jpg


Syndicate content