Земјоделците од Ранковце ќе добијат современ систем за наводнување,од Славишко поле започнува проектот за еколошки систeм
Дата на објава:
4 Мај 2018Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со претстaвниците од Делегацијата на Европската унија денеска ја посети општина Ранковце, една од локациите за спроведување на проектот „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“. Во оваа општина, станува збор за системот за наводнување на Славишко поле, кој што е од исклучително значење за наводнување на земјоделските површини во оваа општина. Според првичните анализи, изградбата на овој систем за наводнување ќе чини околу 1,6 милиони евра, а средствата се веќе обезбедени од програмата ИПА 2015.
Тековниот систем за наводнување во Славишко Поле се состои од привремен зафат на Крива Река, со кој што се наводнуваат до 40 хектри. Новиот систем ќе овозможи наводнување на 200 хектари и ќе донесе придобивки за повеќе од 250 домаќинства кои се занимаваат со земјоделство во Ранковце, Гиновце и Псача.