Новости

Денови на раноградинарски производи
Дата на објава: 
30 Мај 2010
Zamenik Strumica 016.jpg

Во Куклиш кај Струмица годинава по втор пат се организира манифестацијата „Денови на раноградинарски производи“ на која учествуваат индивидуални земјоделски производители, земјоделски задруги, здруженија, аптеки и претставници на банките кои го кредитираат аграрот.

 

На Саемот, на кој посебни штандови на спортското игралиште во Куклиш беа изложени разни земјоделски производи и беше организирана нивна дегустација, присуствуваше и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Ивановски.

 


Македонското земјоделство има капацитет да ги искористи ИПАРД средствата
Дата на објава: 
28 Мај 2010

Македонскиот рурален сектор, вклучително и аграрот е подготвен да ги апсорбира ИПАРД средствата. Институциите се подготвени да управуват со средствата  и да вршат правилна проценка при доделувањето. Самиот факт што им ги пренесовме ингеренциите, покажува дека имаме доверба во нив.

 

Парите треба ефикасно да се искористат, не едноставно да се потрошат, рече денеска Жерар Кили од Европската Комисија, во рамки на шестиот Комитет за следење на ИПАРД со кој претседаваше заменик  министерот за земјиоделство шумартсво и водостопанство Перица Иваноски.

 

ИПАРД е подготовка за влез во ЕУ, напомена Кили, не значи само алокација на финансиската поддршка, туку опфаќа, пред се, два клучни аспекта, развој на земјоделството и јакнење на административната структура што ќе го поддржува. Од вкупно поднесените 131 апликација  на првиот оглас за ИПРАД, по евалуацијата се очекува да бидат одобрени 35.

 

Тоа, според европскиот експерт е респектабилна бројка.


Продолжен рокот за пријавување субвенции во земјоделството
Дата на објава: 
28 Мај 2010
Agrounija.jpg

Рокот за аплицирање за субвенции е продолжен за еден месец.Наместо до 31 мај, земјоделците ќе може да поднесуваат барања до крајот на јуни. Ова денеска го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, објаснувајќи дека последната измена на Програмата за финансиска поддршка  на земјоделството и руралниот развој за годинава се врши по барање на земјоделците. Досега за субвенции аплицирале околу 45 илјади земјоделци.

 


Тутунарите задоволни од субвенциите и од постигнатата откупна цена
Дата на објава: 
18 Мај 2010
sredba tutunari mzsv.jpg

Претставници на тутунопроизводителите од Прилепско денеска се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски за да изразат задоволство од годинашната сума субвенции и од исплатата.

- Првпат можеме да кажеме дека сме задоволни од откупните цени и од поволната проценка на квалитетот. Мора да бидеме реални и да признаеме дека субвенциите што годинава земјоделците ги издејствуваа од државата се на задоволително ниво. Постигнавме околу 200 денари за килограм предадено количество за кое добиваме плус 60 денари поддршка. Тоа ќе ни овозможи да ги покриеме производните трошоци, изјави Данчо Мировски од Здружението на тутунари - Прилеп по средбата.

Во 2005 година, рече Мировски, откупната цена на тутунот беше минимални 70 до 100 денари, а стимулации немаше. Годинава на производителите ќе им бидат исплатени вкупно 23 милиони евра.


Состанок на Подкомитетот за земјоделство на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Р. Македонија и Европската Унија
Дата на објава: 
17 Мај 2010

,,Го поздравуваме усвојувањето на Законот за органско производство и ја потикнуваме Република Македонија да продолжи да се консултира со релевантните служби на Eвропската унија при изговување на законоски акти кои имаат за цел транспонирање на ЕУ легислативата. Екипирана и функционална администрација и соодветна алокација на финанскиски средства е многу значајна за ЕУ процесите. Констатираме дека евидентен напредок има и кај Платежната агенција и во Интегрираниот административен и контролен систем - ИАКС , посебно за делот кој се однесува на Регистерот за земјодески стопанства, како и во областа на заедничко уредување на пазарите и политика за квалитет за производите.За Европската комисија,  големо е и задоволството од интересот за првиот јавен повик за ИПАРД. Се надеваме дека истиот ќе има успешен завршеток, односно дека ќе бидат искористени средствата. Повеќегодишната финансиска спогодба за периодот 2007-2010 стапи на сила на 12 април 2010 година и Eвропската комисија  ќе може да пристапи кон авансирање на  ИПАРД средствата во Националниот фонд,,.


Syndicate content