Новости

Министерот Димовски се состана со производителите и преработувачите на пченица
Дата на објава: 
28 Јуни 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска одржа состанок со производителите на пченица, членки на земјоделските здруженија и мелничко-пекарските компании, членки на Стопанската комора на Македонија и на Сојузот на стопански комори.

 

Засилени контроли на граничните премини, но и на внатрешниот пазар од страна на Државниот инспекторат за земјоделство за да се спречи  увоз на неквалитетно брашно и пченица, како и примена на законските правила во производството и во откупот на лебното жито, најави министерот Димовски на состанокот со земјоделците и мелничарите.

 

-Проблеми во откупот на пченицата не би требало да има, а откупната цена треба да ја договорат производителите и мелничарите. И оваа година за потребите на државата, Бирото за стокови резерви ќе се вклучи во откупот, но, засега, не се знае колкави ќе бидат тие количини- рече министерот Димовски.

 


МИНИСТЕРОТ ДИМОВСКИ ГИ ПОСЕТИ ПРЕСПАНСКИТЕ СЕЛА ПОГОДЕНИ ОД НЕВРЕМЕТО
Дата на објава: 
21 Јуни 2010
Poseta na Resen.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска ги посети преспанските производители на јаболка чии површини во саботата беа погодени од невремето. Според првичните проценки, оштетени се околу 300 хектари јаболкови насади во преспанските села Царев Двор, Горна и Долна Бела Црква, селото Козјак, како и насади со јаболка во селата Дрмени и Сопотско.

 

Министерот Димновски оствари средба со градоначалникот на општина Ресен Михаил Волкановски кој на заедничката средба со претставници на Сојузот на здруженија ,,Обединети агропроизводители,, од Ресен, информира дека се формирани две општински комиии, кои на лице место ќе извршат процека на штетите на површините погодени од невремето.

 


ПОСТАВУВАЊЕ НА КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА АДМИНИСТРАТИВЕН ОБЈЕКТ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО
Дата на објава: 
20 Јуни 2010
kamen temelnik.jpg

Премиерот Никола Груевски и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска го поставија камен-темелникот на новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што во наредните 17 месеци ќе се гради на постојната локација на Министерството во Градскиот парк во Скопје.

 

Новиот објект ќе биде со основа од 1.800 метри квадратни и вкупна површина од 5.900 метри квадратни распределена во приземје и три ката. За негова реализација се обезбедени 4,5 милиони евра обезбедени од Владата на Република Македонија и Светска банка преку Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ.

 


Македонското министерство за земјоделство ќе ги пренесе своите искуства на колегите од српското министерство за земјоделство,
Дата на објава: 
3 Јуни 2010
Srbski min 002.jpg

Македонското министерство за земјоделство ќе ги пренесе своите искуства на колегите од српското министерство за земјоделство, со цел побрза имплементација на европските стандарди во земјоделството.

 

Ова денеска го изјави македонскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски по средбата со неговиот српски колега Саша Драгин во Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој.

 

- Ние можеби сме еден или два чекора понапред од Српската платежна агенција и затоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија сесрдно  ќе излезе во пресрет на било кое барање на Српското министерство во делот на пренесување на искуствата од нашето досегашно работење и евентуалните грешки кои нашата страна ги има направено за да не се повторат и кај нив, рече министерот Димовски, додавајќи дека на вториот дел од средбата со српскиот министер ќе се разговара за регионалната соработка.Двете министерства досега имаат одлична соработка и  ќе продолжи и во иднина.

 


Работен состанок пред жетвата на пченицата
Дата на објава: 
2 Јуни 2010
sostanok 02.06 024x.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одржа работен состанок со претставници на групацијата на мелничко-пекарската индустрија на Стопанската комора на Македонија, агрокомората на Сојузот на стопанските комори и на земјоделските здруженија.

Овај состанок е продолжение од претходниот каде што се разговараше за претстојниот откуп на пченицата.На овој состанок беше констатирано дека по откупот на домашната пченица треба да се почне со увозот на пченица и на брашно за да не дојде до нарушување на пазарот.Според производителите на пченица и на брашно приблем претставува ефтиното увозно брашно, поради што побараа увозното брашно да се контролира со лабораториска анализа и ако ги исполнува условите, да се пушти во промет“.Министерството за земјоделство како што беше кажано ќе ги превземе сите потребни мерки кои се  во негова надлежност со цел извршување на квалитетен откуп на пченицата од реколта годинава.


Syndicate content