Дата на објава:
10 Јули 2010Со пригодна свеченост и во присуство на министерот за зeмјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димоски, евроамбасадорот Ерван Фуере и амбасадорот на САД, Филип Рикер во месноста „Смрдливи вирови" на планината Бистра почна манифестацијата „Ден на одгледувачите на овци и кози“.
Министерот Димовски во своето обраќање ја истакна поддршката на државата на, како што рече, една од најважните гранки на македонското стопанство.
- Сточарството како стопанска гранка има важна улога во бруто домашниот производ, со оглед дека е на трето место по остварените средства од извоз на производи. Од тие причини Владата продолжува со своите заложби да го поддржи овој сегмент. Од над една милијарда денари, колку што се наменети за субвенционирање на земјоделството, 820 милиони се наменети токму за сточарството, подвлече Димовски.
Според евроамбасадорот Фуере, ИПАРД фондовите можат да ја подобрат состојбата и да се обезбедат конкуретни производи за европските пазари.