Министерот Димовски во посета на винаријата „Трајковски“
Дата на објава: 
15 Март 2014
jpg

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска ја посети винаријата „Трајковски“ во кавадаречкото село Крњево.
- Во изминатите години покажавме дека посветуваме огромно внимание на лозаровинарството. Формирањето на Асоцијацијата на винарии значи голем исчекор во развојот на овој сектор. Ние помагаме како на големите така и намалите винарии. Ги ускладивме количините на произведено грозје со потребите на винарниците. Континуирано се зголемува квалитетот на македонските вина, изјави министерот Димовски.
Тој нагласи дека за 50 проценти е зголемен извозот на наливно и за 10 отсто извозот на флаширано вино. Дневно во светот се наоѓаат по околу 60 илјади шишиња македонско вино.  - Им помагаме на винариите за нивно претставување на саеми, но и за подобар маркетинг при извоз на вино. Сево ова резултира со покачена цена како на наливното така и на флашираното вино, нагласи Димовски.


Соопштение
Дата на објава: 
13 Март 2014
P3130077[1].JPG

Денес, министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и Зоран Коњановски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов, во просториите на Министерството за земјоделство, одржаа координативен состанок со откупните претпријатија за тутун и претставници од Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители.
На состанокот од откупните претпријатија беше побарано да достават податоци за планирани количини на откуп на ориентален тутун за реколта 2014 година.
Како резултат на условите и пазарните поместувања претставниците на откупувачите ја истакнаа потребата од одредени намалувања во предвидените количини на откуп на ориентален тутун за реколта 2014 година.
Од страна на претставниците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се побара да се исклучи селективноста, односно да не се намалува бројот на кооперанти со кои ќе се склучуваат договори за откуп на тутун, но да се изврши корегирање во количините на произведен тутун.


Министерот Димовски одржа предавање пред студентите на Факултетот за земјоделски науки и храна
Дата на објава: 
13 Март 2013
jpg

Студентите на Факултетот за земјоделски науки и храна денеска имаа можност директно од ресорниот министер Љупчо Димовски да слушнат за креирањето на македонската аграрна политика, состојбите во земјоделството, проблемите, нивното решавање, соработката со науката, производителите, преработувачите.
Министерот Димовски го почна предавањето со вовед за карактеристиките на нашето земјоделство во 60-тите години, во периодот на распаѓањето на Југославија и во времето на транзицијата. Потенцира дека земјоделските производители се најранливата категорија граѓани на кои треба многу да се внимава токму поради фактот што беа на работ на егзистенција. Неопходно е, нагласи, уште многу да се работи за подобрување на нивниот статус.


Министерот Димовски во посета на откупно-дистрибутивен центар во Гевгелија
Дата на објава: 
12 Март 2014
photo (3).JPG

Во откупно-преработувачката дејност имаме одлични резултати. Фактот дека компаниите од Македонската асоцијација на производители пласираат дури 53 отсто од вкупниот извоз во земјите членки на ЕУ е доказ за имплементацијата на ЕУ стандардите во производството, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната посета на откупно-дистрибутивниот центар „Алтра“ во Гевгелија.

За таа цел, потенцира министерот Димовски, е воведена и дополнителната финансиска поддршка  за предадено градинарско и овошно производство во преработувачките капацитети со кои се разговара за нови мерки и политики во насока на дополнителни позитивни резултати.

- Целта е да ги задржиме постоечките пазари и да освоиме нови. За тоа треба многу труд во јакнењето на дијалогот меѓу преработувачите и производителите, дополнителен анагажман во маркетингот и генерално осовременување на производството, нагласи министерот Димовски, додавајќи дека во оваа насока  се и измените на ИПАРД програмата.


Министерот Димовски во посета на млекара „Ѓоргиеви“
Дата на објава: 
11 Март 2014
 2.JPG

Успешното функционирање на млекарниците во Македонија е потврда за веќе создадената доверба меѓу откупувачите и фармерите. Изминатите неколку години се зголеми бројот на овци и млечни крави благодарение на владините мерки во сточарството, особено на субвенционирањето за задржување женско јагне, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по посетата на млекарницата „Ѓеоргиеви“ во Радовиш.
Според министерот Димовски, воспоставена е агресивна политика за што поинтензивен откуп на кравјото и овчото млеко со цел поголемо производство.


Syndicate content