Новости

Акумулацијата Козјак порибена со 100 килограми пастрмка
Дата на објава: 
20 Октомври 2010
100_3985.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски учествуваше на порибувањето на акумулацијата Козјак со 100 килограми подмладок од автохтоната пастрмка „поточарка“.

 

Порибувањето, второ во текот на оваа година, го изврши јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ кое е концесионер на акумулацијата Козјак.

 

- Паралелно со порибувањето на водите од страна на концесионерите,  Министерството за земјоделство, во соработка со Институтот за сточарство и Хидробиолошкиот завод од Охрид, ги порибува риболовните води кои не се дадени под концесија. Според годишниот план, досега е извршено порибување со пастрмка на реката Вардар и нејзините притоки во гостиварскиот, тетовскиот и во скопскиот дел, а од вештачките езера  порибени се акумулациите Липково, Глажња, Калиманци и Лисиче – изјави министерот Димовски.

 


Министерот Димовски ја отвори годишната конференција на ПРЕПАРЕ програмата за рурален развој
Дата на објава: 
31 Август 2010
DSC02488.jpg

Преку 100 претставници од 20 европски држави учествуваат на годишната конференција на „ПРЕПАРЕ“ програмата што почна денеска во Охрид.

 

Програмата посветена на руралниот економски развој и проширувањето на ЕУ кон Југоисточна Европа, ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 

Целите на програмата „ПРЕПАРЕ“, истакна Димовски, се совпаѓаат со македонската национална Програма за рурален развој - јакнење на граѓанското општество и промоција на мултинационлната размена во руралниот развој.

 


Млекопроизводителите меѓу првите земјоделци што ќе добијат субвенции за годинава.
Дата на објава: 
17 Август 2010

По тутунопроизводителите кои први ги добија 23- милиони евра од субвенциите од годинешната Програма за финансирање на земјоделството, сега на ред се млеко производителите.

 

Од програмата за финансиска поддршка за 2010 година, сточарите кои млекото го  предале  во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло во период од септември 2009 до септември 2010 година ќе добијат по 2,5 денари за литар млеко.

 

Во моментов се исплаќа млекото од првиот рок на пријавување, односно за поднесените барања од 15 февруари до 15 март за млеко предадено во последниот квартал од изминатата година.

 

Сточарите кои поднесоа барање во првиот рок веќе ги добиваат субвенциите на нивните сметки. Од планираните 74 милиони денари исплатени се околу 50 милиони денари,а останатите средства ќе бидат исплатувани во континуитет и во најкус можен рок.

 


Почнаа подготовките за новата откупна кампања за тутунот
Дата на објава: 
28 Јули 2010

Почитување на одредбите од Законот за тутун и тутунски производи од страна на производителите и откупувачите, навремено обезбедување пари за откуп од страна на тутунските компании за договорените количини и следење на целокупниот производствен процес на тутунот преку интензивирање на соработката на откупните компании со тутунопроизводителите, со цел новата производствена реколта да биде со повисок квалитет. Ова се дел од заклучоците од денешниот координативен состанок на министерот Љупчо Димовски со претставници на тутунските компании.

Во насока на навремена подготовка за новата откупна кампања, Државниот инспекторат за земјоделство најави засилени контроли на теренот со цел почитување на законските правила во производството и откупот на оваа индустриска култура.


Министерот Димовски се сретна со претставници на меѓународната фондација,,Slow Food,,
Дата на објава: 
26 Јули 2010
100_3670xx.jpg

,,Република Македонија има одличен природен потенцијал за развој на земјоделството, особено на традиционалното производство кое се бара на странските пазари. Предничи традиционалното сточарско производство, чии млечни, традиционално произведени преработки, преку мрежата на ,, Слоу фуд, ,, ќе го трасираат патот за промоција и продажба на европскиот пазар.,, Ова  е заклучокот од денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со Пиеро Сардо, претседател на ,,Слоу Фуд Фондација за Биодиверзитет,, од Италија и претставници на македонската фондација ,,Слоу Фуд Шарпланинска,, членка на  меѓународното здружение ,, Слоу Фуд,,.


Syndicate content