Дата на објава:
26 Март 2014Република Македонија и Народна Република Кина имаат одлични односи и плодна соработка во областа на земјоделството, истакнаа министерот за земјоделство, Љупчо Димовски и амбасадорот на НР Кина во нашата држава, Цуи Џивеи на денешната проштална средба.
Министерот Димовски на средбата му се заблагодари на амбасадорот Џивеи за неговата и за поддршката која неговата земја ја дава на Министерството за земјоделство и на Владата на Република Македонија, како и за можностите за обука и школување на вработени во министерството за земјоделство во НР Кина и му посака успех на личен и професионален план и во иднина.
„Нашата плодна и успешна соработка ќе продолжи и во иднина. Во Македонија секогаш ќе имате искрени пријатели“ – истакна министерот Димовски.
Амбасадорот Џивеи се заблагодари на поддршката и помошта која ја имаше од министерот Димовски и министерството за неговата и работата на амбасадата.