|
Новости
Во Градашорци кај Василево се одржа ,,Ден на празот,,
Дата на објава: 13 Ноември 2010Министерството за земјoделство целосно ги поддржува ваквите манифестации бидејќи тие придонесуваат за зголемување на земјоделското производство, за развојот на руралните средини и за популаризација на туризмот, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на манифестација „Ден на празот“.Оваа манифестација која што ја организира локалната самоуправа на општина Василево во селото Градашорци,а која се одржува по трет пат и годинава ги собра производителите, трговците и консументите на праз, претставува своевидна промоција на поднебјето како место во кое се произведува оваа земјоделска култура, со посебна нагласка врз употребата на овој прехранбен артикл во исхраната.
Најголема атракција за учесниците и гостите на празијадата денеска беше дегустацијата на производи од праз подготвени од локалните домаќинки на кои во знак на благодарност организаторот им подели скромни подароци, а по тој повод се одржа и пригодна културна уметничка програма.
Се интензивира соработката во земјоделството меѓу Македонија и Бугарија
Дата на објава: 9 Ноември 2010Интензивирање на соработката во земјоделството и руралниот развој, во производството и преработката на овошје и зеленчук и во секторот Шумарство. Ова бешe договорено на денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставниците на бугарското Министерство за земјоделство и храна . Како што беше истакнато на средбата, полињата на соработка и во делот на аграраот се големи, бидејќи голема е и поврзаноста меѓу двете земји на економско , културно и на институционално ниво.
-Интензивно работиме на исполнувањето на условите кои од нас ги бара Европската Унија. Од почетокот на 2011 година, според насоките од ЕУ, почнува со работа новата Агенција за храна и ветерина, која треба да обезбеди интегрирано управување и контрола во делот на производството на храна. Оттаму, на патот кон Европската Унија драгоцена ќе ни биде и помошта и соработката и од Република Бугарија, која е веке членка на ЕУ – истакна министерот Димовски.
Засадени садници на ,,АГРОФУД 2010,,
Дата на објава: 9 Ноември 2010Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и неговиот колега од Словенија Дејан Жидан заедно со членовите на делегациите од министерствата за земјоделства од Албанија,Бугарија,Србија,Босна и Херцеговина и од Турција во рамките на саеската манифестација ,,АГРОФУД 2010,, на синболичен начин се приклучија кон обележувањето на граѓанската иницијатива ,,Ден на дрвото,,.
Во паркот пред управата на скопскиот саем делегациите посадија по една садница која ќе го симболизира нивното учество на саемот и на меѓународната министерска конференција„Имплементација на ЦЕФТА - слободно движење и пречки во трговијата со земјоделски производи“ .
Министерска конференција –АГРОФУД 2010
Дата на објава: 9 Ноември 2010Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска учествуваше и на министерската конференција на тема „Имплементација на ЦЕФТА - слободно движење и пречки во трговијата со земјоделски производи“
Министерот Димовски на обраќањето на конференција ја истакна стратешката позиција и перспектива на Република Македонија кон интеграција во меѓународните организации, а пред сè, нашата стратешка определба да станеме рамноправна членка на Европската унија и НАТО.
Министерот Димовски го отвори ,,АГРОФУД 2010,,
Дата на објава: 9 Ноември 2010Владината стратегија за развој на аграрот до 2013 година се остварува. Поддржувањето на конкурентните земјоделски производи и субвенционирањето на културите кои имаат потенцијал за поголемо производство, веќе ги даваат ефектите, повисока продукција, подобар квалитет, зголемен извоз, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во денешното обраќање по повод официјалното отворање на јубилејниот 60-ти Меѓународен саем за широка потрошувачка „Агрофуд 2010“.
Според него, светските текови во агросекторот изминативе години беа доволно јасен сигнал дека Македонија мора да го модернизира производството и да ги зголеми приносите.
|
|
|