Владата со десетгодишен план и инвестиции во системот за наводнување
Дата на објава: 
4 Јуни 2014
 расправа.jpg

Над 200 милиони евра за десет години ќе инвестира Владата во рехабилитација, реконструкција и изградба на системи за наводнување. За една деценија според планот предвидено со вода за наводнување да бидат опфатени околу 85.000 хектари земјоделски површини, а исто толку и за одводнување. Реализацијата на проектот ќе започне од почетокот на следната година. Документот за реализација на овој проект е изготвен и во наредните неколку месеци ќе биде отворена јавна дебата пред земјоделците, експертите, земјоделските компании и сите инволвирани страни. Овој проект е стратешки документ за понатамошен развој на системите за наводнување во државата и за развој на целокупното земјоделството.


Предлог програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2014 година
Дата на објава: 
31 Мај 2014

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 7 став 1 од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/13, 106/13 и 137/13), Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја става на

 

 

Ј а в е н У В И Д

Предлог – годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2014 година

I.Предмет на јавен увид

Предлог – годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2014 година

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Министерот Димовски во посета на Долно Трогерци
Дата на објава: 
29 Мај 2014
JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денеска го посети карбинското село Трогерци, до кое нема асфалтиран пат, а во неговиот атар има од 3.000 до 4.000 хектари плодна земјоделска површина и преставува најплодната житница во штипско-карбинскиот регион.

Жителите на селото Трогерци, кои одамна се иселиле а сакаат да се вратат да ги обработуваат своите површини на лице место го образложија проблемот со патот до селото.

Димовски истакна дека ќе излезе во пресрет на барањата на жителите на Тргоерци, а општините Штип и Карбинци треба да поднесат барање и проект до Министерството за да биде дел од Програмата за рурален развој за 2015 година.

- Тоа не се големи финансиски средства, но се многу важни прво за земјоделците, второ за луѓето кои што сакаат да се вратат во селото заради тоа што токму тоа нуди можност за обработување на земјоделската површина и за производство на храна, која нам ни е потребна, рече министерот Димовски.


Соопштение
Дата на објава: 
21 Мај 2014

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци, дека рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството истекува на 31 мај 2014 година. Исто така до заинтересираните земјоделци кои се уште не поднеле барање апелираме да се обратат во подрачната единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопнство каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.

Стриктното почитување на рокот на поднесување на барање за финансиска поддршка треба да овозможи навремено спроведување на сите потребни постапки за обработка на барањата, и исплата на средствата согласно предвидениот распоред во текот на годината кој е усогласен со типот на земјоделското производство.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, а  врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.


Ј А В Е Н П О В И К
Дата на објава: 
21 Мај 2014

Врз основа на член 12 од Уредба за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2013, 81/2013, 181/2013, 01/2014 и 101/2014),

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  објавува

Ј А В Е Н   П О В И К

за инвестициони вложувања за воспоставување на научно-демонстративни примери

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Syndicate content