Дата на објава:
26 Јуни 2014Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков и заменик министерот, Зоран Коњановски денеска одржаа работен состанок со претставници на здруженијата на земјоделци. Тема на состанокот беше подготовките за жетва и откуп на пченицата од претстојната реколта.
Со денешната средба започнуваат низата средби со производителите и преработувачите кои ќе придонесат за квалитетно извршување на жетвените активности. Земјоделците побараа на наредните состаноци да се вклучат и претставници на мелничко-пекарската индустрија со кои ќе се разговара за откупот на пченицата.
Беше договорено од сите институции, а посебно од државниот инспекторат за земјоделство, будно да се следи ситуацијата со подготовката и текот на жетвата како и со самиот откуп на пченицата.
Министерството за земјоделство, беше заклучено на состанокот, ќе ги преземе сите потребни мерки за да се создадат услови за навремен почеток и квалитетен откупот на пченицата.