Новости

УХМР најавува минимално намалување на температурите-опасноста од пожари сеуште постои
Дата на објава: 
19 Јули 2011

Управата за хидрометеоролошки работи при Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство информира дека и покрај  сончевото и топло времe, утре, среда, 20.07.2011 и во четврток можна е појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер као и услови за град. Денешните температури од 32 до 38 степени, утре и во четврток  според УХМР ќе се намалат за неколку степени поради утрешното променливо облачно време и локалната појава на пороен дожд и грмежи.

Во поголемиот дел од државава во текот на утрешниот ден ќе дува и силен ветер од југозападен правец, а во четврток ќе дува ветер од северозападен правец. Поради наквите најави, во четврток според УХМР се очекува  пад на температурите за неколку степени.


Се воведува делумна забрана за движење во шумите за да се спречи појавата на пожари
Дата на објава: 
18 Јули 2011

Координативното тело за заштита на шумите од пожари при Владата на Република Македонија, денеска, во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство одржа  состанок на  кој беа дефинирани активностите на членките на Телото, со цел интензивирање на мерките за превенција и заштита на шумите од пожари. Како што беше истакнато на состанокот, засилени се контролите на терен од страна на сите субјекти вклучени во заштита на шумите и во превенцијата и справувањето со шумските пожари.

Државниот инспекторат за шумарство и ловство при Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство кој ги координира активностите на Телото, информира дека се известени сите субјекти кои стопанисуваат со шумите да прогласат делумна забрана за движење во шума, поради опасноста од настанување и ширење на шумски пожари како последица на високите температури и бујната сува вегетација. Испратено е и задолжување до нив да ги информираат граѓаните за почитување на шумскиот ред.


На Бистра се одржа седмата манифестација ,,Ден на одгледувачите на овци и кози,,
Дата на објава: 
16 Јули 2011
Galicnik 2011 003.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска, на локалитетот ,,Смрдливи вирови,, на бачилото на ,,Вардар 03,,  АД Градско,  на  Бистра, ја отвори традиционалната, седма по ред манифестација ,,Ден на одгледувачите на овци и кози,,.

-Од 2005 година кога за прв пат беше организирана оваа манифестација, годинава, со гордост можам да констатирам дека  ,,Денот на овчарството и козарството,,  прерасна во врвен собир на еснафот. Овде на едно место, во интерес на унапредување на овие две , за Република Македонија и за регионот важни сточарски гранки, се среќаваат и разменуваат искуства производителите, преработувачите и  и науката,,- рече во обраќањето министерот Димовски.

Во нашата држава овчарството има  значајна улога во остварувањето на бруто домашниот производ и го зазема третото место  во извозот на земјоделско прехранбените производи. Поволните климатски услови и традицијата, како што додаде тој,  се основите на кои сега почиваат современото овчарство и козарство во Македонија.


Kонференција за мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства
Дата на објава: 
22 Јуни 2011
-ОК ФАДН 22.06 003.jpg

Во насока на креирање што поефикасна аграрна политика и согласно ЕУ барањата, Македонија интензивно работи на изготвувањето на мрежата на сметководствени податоци од земјоделските стопанства (ФАДН) истакна заменик-министерот за земјоделство Перица Иваноски на почетокот на Националната конференција за ФАДН.

ФАДН дава податоци за профитабилноста на стопанствата, а тоа овозможува креирање здрава, ефикасна аграрна политика согласно актуелните состојби во земјоделството.

Системот во земјава треба целосно да се воспостави до 2013 година. Со него ќе бидат опфатени вкупно 1.200 земјоделски стопанства. Активностите почнаа лани со анализа на 316 фарми, а продолжија годинава со двојно зголемување на бројот, до 600 стопанства.


Нов објект за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Табановце
Дата на објава: 
19 Април 2011

На граничниот премин Табановце денеска беше пуштен во употреба новиот објект за ветеринарна и фитосанитарна контрола кој ќе овозможи максимална проверка на пратките и ефикасна заштита на здравјето на населението, животните и растенијата. Вредноста на објектот е 1,3 милиони евра обезбедени од ЕУ.

Објектот го предадоа во употреба евроамбасадорот Петер Соренсен, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија Деан Рунтевски.


Syndicate content