Соопштение
Дата на објава: 
9 Јули 2014
 2.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков и Државниот секретар Бесир Јашари денеска во министерството за земјоделство се сретнаа со директорот на водостопанство Кумановско-Липковско Поле, Филип Филиповски, директорот на ЈП Водовод Куманово, Горан Стојковски и градоначалникот на  Куманово Зоран Дамјановски, како и пратениците во собранието на Р Македонија од Куманово, Зоран Ѓорѓиевски и Реџаил Исмаили при што разговараа за актуелниот проблем со водоснабдување на општина Куманово. На состанокот присутните се договорија за цена на водата од 4,8 денари за метар кубен вода со ДДВ, која беше прифатлива за двете страни и се постигна со посредство на министерот Цветков. Со овој договор всушност се реши долгогодишниот проблем со водоснабдување на општина Куманово. Исто така присутните се договорија со помош на програмите на министерството за земјоделство да се извршат зафати на хидро системот Кумановско Липковско поле за санација и ревитализација на истиот.


Соопштение
Дата на објава: 
4 Јули 2014
P7040024.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков денеска во министерството за земјоделство се сретна со директорот на водостопанство Кумановско-Липковско Поле, Филип Филиповски, директорот на ЈП Водовод Куманово, Горан Стојковски и пратеникот од Куманово Зоран Ѓорѓиевски при што разговараа за актуелниот проблем со водоснабдување на општина Куманово. На состанокот присутните се договорија во текот на денешниот ден да се најде техничко решение и да се направат заеднички напори да се пуштат дополнителни количини вода, со што би се решил моменталниот проблем со водоснабдување со вода за пиење на општина Куманово.

Исто така присутните на состанокот се договорија во рок од пет дена двете страни да потпишат заемно прифатлив договор за долгорочно снабдување со вода кој е законски услов за испорака на вода.


Договорена откупната цена на пченицата
Дата на објава: 
2 Јули 2014
P7020016[1].JPG

Мелничарите и производителите на пченица, денеска, на средба во министерството за земјоделство, на која присуствуваа и министерот Михаил Цветков и заменикот министер, Зоран Коњановски, ја договорија откупната цена за годинашната пченица.

Под 72хл тежина препорачаната цена на пченицата ќе биде 10 денари. Од 72 до 76 хл тежина, цената ќе биде 11 денари, од 76 до 78 хл тежина цената ќе изнесува 12 денари и над 78 хл тежина цената ќе изнесува 13 денари и повеќе со зголемување на хектолитарската тежина.

На крајот од состанокот двете страни и мелничарите и производителите на пченица истакнаа дека се задоволни од договореното.

Согласно разговорите, преработувачите треба на видно место да ја објават конечната цена по која ќе го откупуваат лебното жито и двете страни се обврзаа да ги почитуваат одредбите од правилникот при откупот на пченицата.


Јавен оглас 03/14
Дата на објава: 
2 Јули 2014

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 21 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13 и 39/14), по Одлуката бр.22-5546/1 од 30.06.2014 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н О Г Л А С    бр.03/14

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионите:

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Состанок на министерот Цветков со производители на пченица и мелничари
Дата на објава: 
29 Јуни 2014
JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков и заменик министерот, Зоран Коњановски, заедно со земјоделците и мелничарите во Свети Николе разговараа за подготовката и текот на жетвата, како и планираните количини за откуп кои беа главни теми на сосатнокот. Министерот Цветков оцени дека годинава лебното зрно ќе биде поквалитетно во споредба со лани, а земјоделците ќе имаат и побогат род.

- Ние како Министерство во овој случај сме медијатори, бидејќи знаете дека ние сме потписници на меѓународни договори, кои што не ограничуваат и не сме во можност како држава да воведеме некои забрани за увоз на пченицата.  Значи имаме отворен пазар. Но како Министерство ќе ги вклучиме сите расположиви ресурси на кадар на луѓе, на инспекции така да како што ќе се договориме така и да се откупи оваа жетва, рече министерот Цветков.


Syndicate content