Нов Протокол за побрз проток за извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи
Дата на објава:
14 Мај 2018Директорите на Царинската Управа и на Бирото за јавна безбедност, Ѓоко Танасоски и Лазо Велковски, во присуство на министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, денеска потпишаа нов Протокол за уредување на постапките за побрз проток на жива стока, стока во жива состојба, опасни материи, стока во новиот компјутерски транзитен систем и на празни камиони на граничните премини Табановце и Богородица.
Овој протокол, како што истакна министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, е од исклучително значење за извозот на македонските земјоделско – прехранбени производи.