Израелската министерка за земјоделство ја поздрави иницијативата на државава за заштита на Охридското Езеро
Дата на објава:
6 Септември 2011Израелската делегација предводена од министерката за земјоделство и рурален развој Орид Нокед, придружувана од нејзиниот колега министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска, во Охрид, ја посети јавната научна установа ,,Хидробиолошки завод,,- Охрид. Првите луѓе на оваа институција ја запознаа израелската делегација со изведувањето на процесот на вештачкиот мрест на охридската пастрмка, процес кој почнал да се реализира во 1935 година со основањето на Заводот. Од 2005 година, поради влошената сосотојба со популацијата на ендемскиот вид на охридската пастрмка, како што објаснија од Заводот, започна реализацијата на новиот приод кон вештачкиот мрест со колекционирање на икрите и враќање на матиците назад во водите на езерото.