Дата на објава:
15 Септември 2014На земјоделците од денеска им е достапен нов тип осигурување. Моделот кој во светот е пракса, а Македонија го воведува прва во регионот, предвидува фер и навремено обесштетување за секоја култура поединечно според просечниот принос на ниво на општина. Исплатата ќе се врши автоматски, наместо со теренска проценка.
Како што информира заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, новото т.н. индексно осигурување стартува со полиси за приносите на есенската пченица и јачменот, а наскоро ќе биде достапно и за пролетната пченка и винското грозје. Развиено е и поддржано од реосигурителната компанија Европа Ре и го нудат единствено домашните друштва.
- Станува збор за уникатен пристап кој ги третира сите земјоделци подеднакво. Фактот дека го воведуваме први во регионот е одличен показател за грижата и стратегискиот пристап на Владата во поддршката и развојот на земјоделството, истакна Костадиновски на прес-конференција.