Новости

Брза реакција на министерот Димовски по отворената владина седница
Дата на објава: 
31 Октомври 2011
sostanok so zemjodelec 002.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска, во Министерството за земјоделство, на Јонче Трпковски, од прилепското село Чепигово, му го врачи договорот за закуп на 7,7 хектари државно земјоделско земјиште од 28.10.2011 година. Брзата реакција на министерот Димовски следи по вчерашната отворена владина седница на која, на иницијатива на Премиерот Никола Груевски, беше актуелизирана темата за потпишување на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост во ова населено место.


Првите луѓе на Министерството за земјоделство присуствуваа на Фестивалот на органска храна
Дата на објава: 
29 Октомври 2011
festival na organska hrana.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и заменик министерот Зоран Коњановски, денеска, на Градскиот плоштад во Скопје, присуствуваа на првиот Фестивал на органска храна. Првите луѓе на Министерството, остварија средба со производителите и дегустираа органски производи. Манифестацијата ,, Фестивал на органската храна,, е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и градот Скопје во соработка со Федерацијата на производители на органски производи.

- Производството на органска храна стана препознатливо земјоделско призводство и се подостапно за граѓаните. Радува фактот дека во Република Македонија, во изминативе неколку години, евидентен е континуираниот расти развој на органското производство.Сертифицираната производствена површина само за една година се зголеми повеќе од три пати, односно од околу 1.400 хектари во 2009 на 5.225 хектари минатата година, рече министерот Димовски на отворањето на манифестацијата.


Заменик министерот Зоран Коњановски го отвори Државниот натпревар на трактористи
Дата на објава: 
16 Октомври 2011
Zamenik traktoristi.jpg

Под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска кај Градско се одржа 52-от Државен натпревар на трактористи. Натпреварот на кој учествуваат 44 трактористи меѓу кои и 4 жени, го отвори заменик министерот Зоран Коњановски.

 

Тој порача дека Владата ќе продолжи финансиски да го поддржува осовременувањето на земјоделската механизација. Освен преку Програмата за рурален развој, се планира и повлекување дополнителни средства од ИПАРД фондовите.

 

- Во 2009 и 2010 година со кофинансирање се набавени околу 700 нови трактори. Ваквиот тренд продолжува преку Програмата за рурален развој. Интересот за поддршката кај земјоделците е огромен. Ние веќе ја подготвуваме Програмата за идната година во која ќе има и нови мерки, но голем дел од средствата ќе бидат наменети за нова механизација, изјави заменик министерот.

 


Министерот Димовски на отворањето на салата за дегустација на вино во винарската визба ,,Стоби,,
Дата на објава: 
15 Октомври 2011
stobi.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска присуствуваше на свеченоста по повод отворањето на салата за дегустација на вино во винарската визба ,,Стоби,, во Градско. ,,Ваквите инвестиции во винарскиот сектор се уште една потврда дека  заложбите на Владата н Република Македонија за поддршка на оваа моќна и перспективна стопанска гранка  веќе ги даваат позитивните резултати. Не само преку зголеменото производство на вино, осовременувањето на винарските визби , трасирањето на македонските вински патишта , туку и преку  зголемувањето на бројот на на домашни, но пред се на странски туристи, кои ќе уживаат  македонската боговска капка и ќе ја раскажуваат древната приказна за  нашето вино,, - рече во обраќањето министерот Димовски пред присутните на свеченоста.


Производителите и преработувачите на ориз ја договорија откупната цена
Дата на објава: 
1 Октомври 2011

Претставници на Синдикатот на земјоделците и Кластерот за ориз на денешната работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ја постигнаа бараната откупна цена за арпата и белиот ориз од страна на земјоделците и преработувачите.

Килограм квалитетна арпа ќе се откупува по цена од 25 денари, додека белиот ориз во три класи ќе се откупува по 47 денари за прва, 45 за втора и 43 денари за трета класа. Намалена е и цената на луштење, односно биење на арпата од 3 на 2 денара. Комбајнирањето останува по стара цена од 1.000 денари за декар.

- Преработувачите прифатија и оваа година да се придржуваат кон мерката за секој увезен килограм бел ориз задолжително да откупат 4 килограми домашен ораз, изјави министерот Димовски.


Syndicate content