Одземени 10 тони нелегално произведен тутун во Могила и Кукуречани
Дата на објава: 
19 Септември 2014
photo 3.JPG

Десет тони нелегално произведен тутун е одземен денеска од 24-та производители во Могила и Кукуречани кои не ја почитуваа забраната за производство што им ја изрече Државниот инспекторат за земјоделство.

Државниот инспекторат за земјоделство со акцијата почна на 1-ви овој месец откако на 25 август годинава ЈП Стрежево побара документација за површини туну кои се наводнуваат. По направената идентификација на површините, од 5-ти сепември почнаа и  контролите на терен.

-Од 5 до 15 септември во атарот на селата Могила и Кукуречани извршивме неколку контроли. Констатирано е дека има нелегално производство на широколисен тутун на околу 60 хектари за кој не се склучени договори со откупни претрпијатија. Нелегално производство беше пронајдено кај 24 физички лица, на кои согласно Законот за тутун им е изречена казна во висина од 600 евра и им се издадени решенија за забрана на производство и пласман на овој тип на тутун, информира Стаменов.


Известување
Дата на објава: 
18 Септември 2014

За поднесување барања за посетување на почетна обука за проценувачи од областа на земјоделство.

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на почетна обука за проценувач да поднесат барање за посетување почетна обука за проценувач од областа на Земјоделство.

Додаток за превземање: 

Казнети физички лица за нелегално производство и пласман на тутун
Дата на објава: 
17 Септември 2014

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по добиените сознанија од теренот  за нелегално производство на тутун, преку Државниот инспекторат за земјоделство изврши неколку контроли во периодот од 05 до 15 септември во атарот на селата Могила и Кукуречани.

При контролата констатирано е дека има нелегално производство на широколисен тутун на околу 60 хектари, за кој нема склучени договори со откупни претрпијатија. Нелегално производство е пронајдено кај 24 физички лица, на кои согласно Законот за тутун им е изречена казна во висина од 600 евра и им се издади решенија за забрана на производство и пласман на овој тип на тутун.

Инспекторите повторно извршија контрола  и констатираа дека од 24-те лица, 12 не се придржувале на решенијата за забрана за производство и пласман, поради што на овие лица согласно Законот за тутун ќе им биде изречена казна од 1.500 евра.

Во тек е координирана акција со Министерството за внатрешни работи за одземање на нелегалното производство на тутун.


ПРЕТХОДНА НАЈАВА
Дата на објава: 
16 Септември 2014
Galerija lozje.jpg

за објавување на Јавен повик 02/2014 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013)

 

Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во текот на месец октомври 2014година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година)


Ј а в е н О г л а с бр.04/14
Дата на објава: 
16 Септември 2014

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 21 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14 и 130/14), по Одлуката бр.22-8018/1 од 12.09.2014 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н О г л а с    бр.04/14

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Syndicate content