Дата на објава:
5 Ноември 2011Со многу труд, макотрпна работа, посветеност и решителност, преку преземање конкретни мерки и активности, покажавме дека ги спроведуваме реформите за подобрување на состојбите во земјоделството, рече денеска ресорниот министер Љупчо Димовски, давајќи отчет за сработеното во изминатите 100 дена.
На прес-конференцијата која се одржаво министерството за земјоделство,шумарство и водостаопанство, а на која присуствуваа и заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски и државниот секретар на Министерството Бесир Јашари, миниатерот Димовски го изрази уверувањето дека работите се движат во вистинаки правец и дека ветеното се остварува и тоа со со оправдување на довербата од земјоделците и граѓаните.
Освен реализирањето на планираните проекти за квалитетно, конкурентно производство, како што истакна тој, интензивно се работи и на усогласување на домашната со европската аграрна политика.