Прес конференција на министерот Цветков за реализирани активности во министерството за земјоделство
Дата на објава: 
29 Септември 2014
jpg

Во првите 100 дена од работењето на Владата, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство реализира и започна голем број на проекти – истакна министерот Цветков на денешната прес конференција.

Покрај секојдневната комуникација со земјоделците и нивните здруженија, посочи министерот Цветков, министерството успешно го заврши аплицирањето за субвенции каде што беа поднесени 74.000 барања, а дел од нив веќе се исплатени.

Од оваа година, земјоделците ги добиваат субвенциите по однапред дефиниран „Календар за субвенции“, со кој точно е определена динамиката на аплицирање и на исплатата на субвенциите која е усогласена според потребите на земјоделците.Досега, според овој календар се исплатени тутунарите, а во периодот септември-октомври следи исплатата за полјоделските култури.


Костадиновски:Масовна акција за спречување на болеста син јазик
Дата на објава: 
28 Септември 2014
DSC_1143.jpg

Почна масовната акција за дезинсекција и дезинфекција во бачилата за да се спречи ширењето на болеста син јазик, изјави денеска заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски при посетата на штипскиот регион каде изврши увид како се спроведува сетот мерки кои ги донесе Владата за да се спречи ширењето на болеста син јазик.

Според Костадиновски, моментно во сите одгледувалишта во Македонија согласно Акцискиот план со име и презиме се определени точно кои лица од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и од Ветеринарниот инспекторат ќе бидат присутни на лице место. - Ние се надеваме дека со примената на овие мерки како што имавме прилика да видиме од страна на ветеринарниот лекар од Ветеринарната станица-Штип веќе и ги спроведува. Будно ќе ја следиме состојбата, ќе бидеме присутни секаде. На крајот на месецот ќе имаме и генерална поточна слика за целосната состојба и за презементите мерки за да се спречи ширењето на болеста син јазик,  изјави Костадиновски.


Заменик министерот Костадиновски во посета на сточарите во Пехчево
Дата на објава: 
24 Септември 2014
pehcevo.JPG

Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство  Дејан Рунтевски при посетата на Пехчево разговараа со сточарите за добиточнета болест „син јазик„.

Од сточарите беа информирани дека болеста сериозно го има загрозено добиточниот фонд и оти доколку продолжи нејзиното ширење ќе се намали и производството на млеко и млечни производи и извозот на јагниња.

- Состојбата е дотолку сериозна што болеста „син јазик“ синиот јазик ги има зафатено подрачјето, не само на Мелешевијата, туку и на територијата на целата држава. Според досегашните пријави од над илјада одгледувачи на овци, има над 6.000  угинати грла овци, изјави заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски.

Тој очекува дека со падот на температурите ќе се намали ширењето на болеста бидејќи таа се пренесува преку мушички кои не се отпорни на пониски температури.


Посета на поле со пченка наводнувано со систем капка-по-капка
Дата на објава: 
24 Септември 2014
 битола.jpg

Во изминатите две години преку Проектот за воведување на системот „капка по капка“ при производство на пченка, кој Владата го спроведува во соработка со УСАИД постигнати се големи резултати. Од еден хектар се очекува принос од над 130 тони силажа во услови кога просечниот принос во Македонија изнесува околу 23 тони на хектар, изјави министерот Михаил Цветков при денешната посета на поле со пченка во битолско.

Како дел од овој проект беа опремени вкупно 160 полиња од по еден хектар низ цела Македонија од кои исто така очекуваме извонредни приноси. Со тоа се потврдува дека системите „капка по капка“ овозможуваат ефикасно искористување на водата и високи приноси, нагласи министерот Цветков.

Затоа од наредната година планираме да ги зголемиме субвенциите преку Програмата за руралниот развој за набавување на вакви  системи со што оваа технологија ќе стане достапна за поголем број на земјоделци.


Цветков: Ќе се проширува ХС „Стрежево“ во Општините Могила и Новаци
Дата на објава: 
24 Септември 2014
sistemi_za_navodnuvanje_1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска присуствуваше на презентацијата на физибилити студијата за наводнување на пелагонискиот регион и можностите за проширување на мрежата во општините Битола, Могила и Новаци, изработена од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион со седиште во Битола.

Владата на Република Македонија, најави министерот Цветков, во наредните 10 години, ќе вложи 200 милиони евра во системите за наводнување и изградба на нови.


Syndicate content