Инспекторатот за земјоделство спречи продажба на 60 тони банани, садници сливи и праска со сомнителен квалитет
Дата на објава:
20 Ноември 2011Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) забрани пуштање во промет 63.360 килограми банани. Како што информира денеска на прес-конференција директорот на Инспекторатот Румен Стаменов, бананите, кои вчера биле уништени на депонијата во Гостивар се по потекло од Гватемала, но, не ги задоволувале ниту минималните стандарди за квалитет.
- Постапувајќи согласно Законот за квалитет на земјоделските производи, со цел да ги заштитиме домашните потрошувачи, не дозволивме во нашите маркети и на нашите зелени пазари да се пуштат во продажба над 60 тони банани. ДИЗ спречи и ставање во промет 5.200 садници сливи и 200 садници праска увезени од Велика Дренова – Трстеник, Република Србија, кај кои е пронајден вирусот „шарка“ чие внесување и ширење во Македонија е забрането- рече Стаменов.