Министерот Цветков на Форум во Букурешт
Дата на објава: 
29 Октомври 2014
IMG-20141029-00471 (2) (6).jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков учествува на Форумот за соработка во областа на земјоделството помеѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

Обраќајќи се на Форумот, министерот Цветков истакна дека Владата на Република Македонија интензивно работи на создавање поволна клима за инвестирање на заинтересирани странски компании, притоа обезбедувајќи техничка помош и административни олеснувања за реализација на инвестицијата.

Форумот е во организација на Министерството за земјоделство и рурален развој на Романија, во рамките на меѓународниот саем на производи и опрема за земјоделството, градинарството, лозарството и сточарството - ИНДАГРА 2014 година во Букурешт.

Министерот Цветков денеска ќе оствари средба и со домаќинот заменик претседател на Владата на Романија и министер за земјоделство и рурален развој Даниел Константин со кој ќе разговара за соработката и размената на искуства во процесот на евроинтеграциите на нашава земја.


Министерот Цветков на министерски Форум во Романија
Дата на објава: 
29 Октомври 2014
jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков по покана од заменик претседателот на Владата на Романија и министер за земјоделство и рурален развој, Даниел Константин денеска ќе учествува на Форумот за соработка во областа на земјоделството помеѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

Форумот, на кој ќе се обрати и министерот Цветков, е фокусиран на соработка во инвестициите и извозот на земјоделски производи помеѓу Централна и Источна Европа и Кина.

Форумот е во рамките на меѓународниот саем на производи и опрема за земјоделството, градинарството, лозарството и сточарството - ИНДАГРА 2014 година.


Одбележани „Деновите на кочанскиот ориз“
Дата на објава: 
5 Октомври 2014
 ориз.jpg

Површините што годинава се насеани под ориз се 4.600 хектари, од кои се очекува родот да тежи околу 15.000 тони оризова арпа или осум до 10 илјади тони квалитетен бел ориз, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на денешните завршни активности во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Заложба на Владата е, додаде, овие површини да бидат зголемени за наредните 10 години на осум до девет илјади хектари, колку што во кочанскиот регион беа застапени во осумдесеттите години на минатиот век.

Според министерот Цветков, родот е одличен, квалитетот е добар и пазарот годинава ќе биде конкурентен.


Фестивал на органска храна во Скопје
Дата на објава: 
4 Октомври 2014
B220EDE8BB57101AC564C2D942A1AF6C.jpg

Во трговскиот центар „Капитол“ во скопската општина Аеродром денеска се оддржа седмиот „Фестивал на органска храна“. Организатор на манифестацијата е здружението на производители на органска храна во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија,а подржано од  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На повеќе штандови им се нудат на потрошувачите разни видови овчо сирење, месо, компири, маслинки, ореви, бадеми, мед и други производи од органско потекло.
Целта е да се подигне свеста кај потрошувачите да конзумираат органска храна со што ќе се подобри квалитетот на животот и ќе се создаваат здрави генерации.
- Владата започна кампања со цел да го поттикне користењето на органската храна со што би се придонело луѓето да го сочуваат здравјето и да се подобри квалитетот на нивниот живот, изјави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски.


Јавна расправа за Програмскиот документ за ЕУ Инструментот за поддршка на земјоделството и руралниот развој – ИПАРД 2014-2020
Дата на објава: 
30 Септември 2014
JPG

Македонија ќе ги искористи искуствата од спроведувањето на ИПАРД-1 Програмата за успешно реализирање на следната, ИПАРД-2. Со цел максимално повлекување европски пари во периодот 2014–2020 година, меѓу останатите мерки се предвидува и формирање фонд за претфинансирање кој би ги помогнал земјоделците.

Како што изјави ресорниот министер Михаил Цветков пред денешната седница на Агросоветот, главни причини за слабата искористеност на ЕУ-фондовите се уште се токму недоволната финансиска моќ на нашите производители и критериумите што ги поставува Европската комисија.

- Имајќи ги предвид искуствата од спроведувањето на ИПАРД-1 Програмата која досега е искористена само 11 отсто, работиме на мерки кои ќе помогнат ситуацијата значително да се подобри и Македонија да успее да извлече максимум средства кои се и тоа како добредојдени за агробизнисот и развојот на руралната економија, истакна Цветков.


Syndicate content