Дата на објава:
23 Ноември 2011Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска, во рамки на есенската акција за пошумување на Република Македонија -,,Ден на дрвото засадија својата иднина,, учествуваше во пошумувањето на месноста Присое во Општина Кратово. Оваа локација како што истакнаа организаторите на акцијата ќе се пошуми со 10 илјади садници.
Според министерот Димовски, Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, како и голем број институции, ја поддржаа и осмата по ред акција за пошумување. ,, Во есенската акција според планираното треба да се посадат околу 6 милиони садници, со што уште еднаш ќе покажеме дека зачувувањето на природата, на шумите, еден од нашите приоритети. Кампањата за пошумување, како што рече министерот Димовски е потврда на фактот дека со секоја нова акција се зголемува и свеста на граѓаните за важноста на шумите и за нивното зачвување,,-рече тој.