Дата на објава:
5 Ноември 2014Најновите достигнувања во областа на земјоделството од агромеханизација до вештачки ѓубрива и хортикултура од денеска се претставени на 64. Саем за широка потрошувачка „Агрофуд 2014“.
На најстарата саемска манифестација која ќе трае до сабота покрај македонски компании учествуваат и фирми од Србија, Хрватска и Словенија, а за првпат годинава има претставници и од Холандија.
Холандските компании на изложбен простор од 100 метри квадратни презентираат линии за сортирање на овошје и зеленчук, производство на иглолисни дрва, опрема и инсталации за преработка на жито, решенија за сточна храна, ѓубрива, заштита на посеви и начини за амбалажирање цвеќе во хортикултурата и земјоделството и.т.н.
Според организаторите, саемот е можност за продолжување или почнување на соработка меѓу македонските и холандските компании и фирмите од регионот.